Медиа 24

Жител на Арачиново до Спасовски: Оние со кои се сликате ни ги инфицираат со наркотици нашите деца

Медиумите на албански јазик пренесуваат вест во која, Фуат Халими, жител на Арачиново преку отворено писмо му се обраќа на Оливер Спасовски, има и неколки барања. Еве ги барањата и комплетното писмо: Господине Оливер Спасовски во медиумите многу зборувате дека сте праведен и дека сакате правда, дека сте против криминалот и криминалците, и дека секојдневно работите на спречување на криминалот за да им овозможите безбедност на граѓаните, велат дека граѓаните се чувствуваат безбедно и вадите некоја анкета дека наводно, 80% од граѓаните се чувствуваат сигурни во Република Македонија, тоа не…

Иванов се сретна со началникот на ГШ на Црна Гора, Драгутин Дакиќ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска го прими началникот на Генерал штабот на Војската на Црна Гора, бригаден генерал, Драгутин Дакиќ. На средбата, како што соопштуваат од кабинетот на Иванов, биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и во тој контекст двајцата соговорници изразиле задоволство од одржувањето на дијалогот на високо ниво, во сите сфери од заемен интерес, што, како што посочуват, укажува на традиционално пријателските односи меѓу Република Македонија и Црна Гора. -Во однос на стратешките цели и интеграциските процеси,македонскиот претседател истакна дека членството на Република Македонија во ЕУ и…

Ѓорчев до СДСМ: Собирате арач од даноци, долгот галопира, потрошивте 7 милијарди евра, а ништо не е направено

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денес во Собранието имаше дискусија по повод новото задолжување од Владата на СДСМ. Ѓорчев констатираше дека Владата на Заев донесе најголеми буџети и даноци во Македонија, а дека со тие пари и средства ништо не е направено. Долгот е највисок во историјата на Македонија со цели 53 % од БДП. Тој ја обвини Владата за зголемувањето на акцизата за дизелот со кои исцеди дури 30 милиони евра од народот, а за чист воздух се потрошени само 0,7 милиони евра. Целата дискисија на Ѓорчев можете да…

Влада: Нацрт амандманите ги штитат македонскиот и идентитетот на другите заедници

Јавните дискусии по нацрт амандманите за уставни измени со цел решавање на долгогодишниот спор со Грција, со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, завршија во предвидениот рок од пет дена и опфатија широк спектар на засегнати страни, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Оттаму посочуваат дека во рок од два дена после јавната расправа, Владата на РМ, како овластен предлагач за уставни измени, до Собранието на Република Македонија ќе достави сублимиран извештај од главните сугестии и предлози за усовршување на нацрт…

Почна постапката за формирање на Агенција за квалитет во високото образование

Владата на денешната 107. седница ја усвоила информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование. Како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, најдоцна до 20 февруари 2019 година, од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во Република Македонија, Комисијата за именување на Владата треба да именува по шест членови во одборот за акредитација и во одборот за евалуација на високото образование. -По исто толку членови во двата одбори, до 20-ти овој месец, треба да именува и интеруниверзитетската конференција. Владата и…

Села: Најверојатно претседатели на политички партии знаеле што ќе се случи на 27 април

Нова Македонија Пратеникот Зијадин Села на денешното сведочење во Кривичниот суд за настаните од 27 април минатата година рече дека не може да тврди со сигурност дали одредени претседатели на политички партии знаеле дека ќе се избира претседател на Собранието и дека е можно да дојде до ескалација на ситуацијата но, како што додаде, најверојатно знаеле и биле организатори. – Најверојатно дека некој знаел или претпоставувал. Ама некој знаел и не бил присутен. По логика на нештата за тој важен момент, така излегува. Мислам дека и немаше друга причина одредени…

Усвоен Предлог-законот за практикантство

Целосно искористување на потенцијалот на практичната работа, како и овозможување голем број млади невработени лица без практично искуство, одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови, со што ќе станат поконкурентни и полесно потоа ќе се вклучат на пазарот на трудот, има за цел Предлог-законот за практикантство што вечерва на седница го усвои Владата. Предлог-законот предвидува практикантот за време на практичната работа кај работодавачот да добива месечен надоместок и тоа: од 42 отсто до 74 отсто од минималната нето плата, за практикантска работа до три месеци и во…

Квислингот Заев

Заев се повлекува од нешто што веќе го кажал, се извинува и се понижува себеси; Нимиц телефонски го притиска; Грците инсистираат дека во Грција нема Македонци и не се зборува македонскиот јазик; Никола Димитров си мрмори нешто нешто во себе. Кога го читате ова погоре, замислете го како да е кажано со гласот со кој Џереми Кларксон ја најавува новата епизода на Топ Гир или Големата Турнеја. Толку многу работи се случуваат во Македонија, што навистина морам да одам точка по точка, како во епизода на Топ Гир. Како прво,…

РУСИЈА СЕПАК ЌЕ ГО БЛОКИРА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Ципрас го молел Путин да не вложува вето во СБ на ОН – молбите неуспешни!

По три ипол години, грчкиот премиер Алексис Ципрас го посети рускиот претседател Владимир Путин за да ги одмрзне дипломатските односи помеѓу двете држави, заладени по Преспанскиот договор, и евентуално да се спречи вето на Русија на тој договор во Обединетите нации. Тоа политиката на Западот, која го поддржува Преспанскиот договор како начин за согласост од Грција за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, би можело да ги доведе во непријатна ситуација – пишува српска „Политика“ За да се спречи дипломаси шок, Цирпас на Путин, како што самиот кажа, детално…

КОГА “НАУКАТА” СТАНУВА КОРИСЕН ИДИОТ НА ПОЛИТИКАТА

КОГА “НАУКАТА” СТАНУВА КОРИСЕН ИДИОТ НА ПОЛИТИКАТА Пишува Тодор ПЕТРОВ Го ценев проф.д-р Светомир Шкариќ за експерт по уставно право. Но, неговиот предлог за суспензија на претседателското вето на указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас (која е во спротивност со домашното и со меѓународното право), со уставен амандман со кој Спогодбата Димитров-Коѕиас ќе стане составен дел од Уставот, наведува на заклучокот дека уставниот експерт станал корисен идиот за потребите на марионетската влада која изврши најтешко кривично дело велепредавство на нацијата и државата! Арам да ти е…