НОВО

АКАДЕМИК ЉУПЧО КОЦАРЕВ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН ВО ЛИТЕРАТУРНОТО ДТРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“


Неодамна, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј за почесен член го прогласи академикот проф. д-р Љупчо Коцарев.

Љупчо Коцарев, е претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2020 год, е редовен член на МАНУ, професор во пензија на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија и директор на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ.

Остварил подолги престои на Калифорнискиот  Универзитет во Сан Диего, САД, Калифорнискиот Универзитет во Беркли, САД,  Универзитетот во Готинген, Германија, Колегиумот Будимпешта, Унгарија, Политехничкиот факултет во Торино, Италија и Универзитетот во Токио, Јапонија. Бил консултант на различни компании, меѓу кои и STMicroelectronics (www.st.com). Неговиот научен интерес е широк: од природните науки (физика, хемија и биологија) преку техничките науки (електрични кола, енергетика и компјутерски науки) до општествените науки (економија). Во последните години работи интензивно на теми поврзани со машинско учење и вештачка интелигенција и нивна примена. Има објавено повеќе од 200 научни труда во списанија со фактот на влијание, коишто се, според Google Scholar, цитирани повеќе од 20 000 пати. Според Универзитетот Стенфорд во САД спаѓа во групата топ 2 проценти највлијателни научници во светот.

Македонското литературно друштво има и голем број придружни членови од повеќе градови во Австралија, Канада, Европа и Македонија а исто членуваат следните почесни членови: Томас Шапкот, Реџиналд де Бреј, Матеја Матевски, Славко Јаневски, Ѓорѓи Сталев, Блаже Коневски, Илија Чашуле, Стојан Ристески, Науме Радически, Анте Поповски, Славе Ѓорго Димоски, Разме Кумбароски, Блаже Ристовски, Јован Кокаловски, Александар Донски, Иван Трпоски, Душан Ристевски, Панде Манојлов, Раде Силјан, Фиданка Танаскова, Трајче Кацаров, Славе Катин, Мартин Треневски,  Ристо Стефов и Васил Тоциновски.

Душан Ристевски