НОВО

Ако ве боли, тогаш не е љубов

fantasy 2437944 960 720 696x398

Ако ве боли, тогаш не е љубов – 5 знаци кои суптилно ви кажуваат дека сте во нездрава врска 

Љубовта е прекрасна, но во исто време таква силна емоција понекогаш знае да биде тешка, комплицирана, исклучително интензивна или оптоварена за двете страни. 

Понекогаш љубовта е сето тоа. Сепак, најважна е среќата во врската. И покрај се, некои луѓе остануваат во врски иако се лоши поради различни причини. Денес зборуваме за 5 знаци кои суптилно ви кажуваат дека сте во нездрава врска. 
1. Живејте во страв. Постојано се плашите од расположението и реакциите на партнерот.
Поради тоа чувствувате страв и постојано внимавате што и како ќе кажете или правите. Ова може да биде знак дека вашиот партнер има проблеми да го контролира својот гнев. За да надминете вакво нешто заедно, потребна ви е стручна помош. 
2. Вашата љубовна врска е чиста драма. Партнерот или вие сте постојано незадоволни, дури и кога се во прашање некои многу едноставни работи или неважни ситуации. Љубовните партнери треба да живеат во мир и спокојство, со многу среќа, а не спротивно. 

banerПРИМА ДЕНТi horizontalen

3. Кога нешто лошо ќе се случи во врската и ќе одлучите да продолжите понатаму, тогаш мора да простите. Сосема е погрешно повторно и повторно да се враќате на лошите работи од минатото, особено кога има расправија, а еден од партнерите се обидува да ја оправда својата сегашна праведност со таа стара расправија против партнерот. 
Тоа не е фер. 
4. Партнерот не ги почитува вашите граници. Во ред е да се биде близок, но секој од нас мора да има свој личен простор кој ни е потребен за многу работи. Сами го одредуваме тој простор. За да биде здрав партнерскиот однос, почитувањето на личниот простор е навистина неопходно. 
5. Партнерот кој се однесува лошо кон вас или со другите околу вас веројатно има проблем. Без разлика колку се грижите и го сакате, нема потреба да го оправдувате лошото однесување. Ако нешто не е во ред, кажете го отворено, не ги премачкувајте работите. Доколку забележите некој од овие проблеми, можеби е време да имате сериозен и искрен разговор со вашиот партнер.