АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ


АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ – палеобалканска популација од индоевропско потекло; посебен ет-нос што се формира во Ⅷ в. пр.н.е. од популации што уште во Ⅲ милениум го населуваат Централниот Балкан.

Во етно генезата на Македонците влегуваат повеќе етноси што живеат на територијата на античка Македонија: Бриги (Фриги во Мала Азија), Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи, Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мисто, Бигдонци, , Еордајци, Едони и др. помали етноси.

Во Ⅷ в. започнува процес на обединување на македонските племиња во единствена држава со македонските кралеви од династијата Аргеади, која прераснува во светската империја во времето на Александар Ⅲ (336–323 г. пр.н.е.).

Античките извори сведочат за посебната и другаста на а. Македонците во однос на др. соседни етноси: Хелени, Тракијци, Илири. Античкиот театар во Хераклеја (Ⅱ в.) Посебноста се препознава по: македонската басилеја (монархија) со наследна династија и „македонски закони“ (сп. античките политиколози); посебните но и општите балкански обичаи, обреди и свечености посветени на македонските божества и на митските херои Каран, Темен, Македонија, Мида, култовите (култ на водата Беди, култ на сонцето, кучето) и мистичните култови на божествата: Бакхос, Сабасиос, Ѕе , Херакле, Орфеј, Музи; посебниот македонски јазик (според Хелените, Македонците се „барбари“, поради различните менталитет, а јазикот им е „барбарски“ – неразбирлив).

Многубројните потврдија кај античките автори за посебниот македонски јазик, објавени и недоволно етимолошки потврдени се само 150 македонски глоси, кои го потврдуваат македонскиот индоевропски јазик, меѓу бригискиот и со другите индоевропски јазици.

По паѓањето на Македонија под римска власт (146 г. пр.н.е.) започнува процесот на романизирање на населението. Присуството на римските војски, но и на Готите, Хуните, Аварите и Словените носат промени во етничкиот состав на автохтоното население.

Словенскиот етнос, како доминантен, влегува во етногенезата на Македонците, ги наметнува словенскиот јазик и словенската култура, а христијанството, кое се шири од самиот почеток (воⅠ.в. н.е.), во Ⅳ в. станува главно обележје на Македонците, коешто е потврдено со многубројните христијански базилики и сесловенски просветители. ЛИТ.: Херодотус, 4 Волс., Харвард Универитс Пресс, 1960; Тхуцѕдидес, 4 Волс., Харвард Университс Пресс, 1958; Полсбиус, Тхе Хисториес, 6 волс. Харвард Университс Пресс, 1960; Н. Г. Л. Хаммонд, Тхе Мацедонин Стате, Оџфорд, 1989; Е. Петрова, Бригите, Скопје, 1996; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Историја на македонскиот народ, 1, Скопје, 2000; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; М. Бошкоски, Имињата Македонија и Македонците во средновековните извори, Скопје, 2003; А. шукарова, Филип Ⅱ Македонски и атински ретори, Скопје, 2003. А. шук.


МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА