Антон Павлович Чехов: Карактеристики по кои се препознаваат културните луѓе


Рускиот писател Антон Павлович Чехов, во писмото што еднаш го испратил до својот помлад брат, му дал важен совет во кој му открива што треба да прави човекот за да биде прифатен меѓу образованите луѓе. Прво и основно, тој мора да биде културен.

– Ја почитуваат човековата личност и затоа се секогаш љубезни, внимателни, учтиви и подготвени да прават за другите.
– Сочувствителни се кон сите, не само кон питачите и мачките. Тие се грижат и за она што не може да се види и се подготвени да се жртвуваат за да им помогнат на другите.
– Тие го почитуваат туѓиот имот и затоа си ги враќаат долговите.

– Тие се искрени и ги презираат лагите. Не лажат дури и кога се во прашање ситници. Лагата го навредува слушателот и го понижува во очите на говорникот. Не позираат, исто се однесуваат на улица и дома, не се преправаат дека се важни пред своите поскромни пријатели. Тие не се склони да џагорат или да ги оптоваруваат другите со своите неиспровоцирани признанија. Од почит кон туѓите уши, тие повеќе молчат отколку што зборуваат.

– Не се понижуваат за да предизвикаат сожалување. Тие не си играат со туѓите чувствителности за да привлечат внимание. Не велат „Никој не ме разбира“ или „Никој не се грижи за мене“, бидејќи тоа се евтини и вулгарни трикови.
– Не се понижуваат за да предизвикаат сожалување. Тие не си играат со туѓите чувствителности за да привлечат внимание. Не велат „Никој не ме разбира“ или „Никој не се грижи за мене“, бидејќи тоа се евтини и вулгарни трикови.

– Не патат од плитка суета. Не им е гајле за лажни вредности, запознавање со познати личности или самите да бидат познати. Ако направиле нешто значајно, не го прават тоа најважна работа на светот и не се фалат дека имаат пристап таму каде што другите немаат. Навистина талентираните луѓе секогаш се држат настрана од светоста и рекламирањето.
– Ако имаат подарок, го почитуваат. За него, тие го жртвуваат одморот, романтиката, забавата, суетата. Тие се горди на својата дарба, но и се многу посветени на тоа.

– Имаат развиено чувство за убавото, естетското. Тие не одат да спијат во облека, тие го одржуваат просторот за живеење чист. Тие многу се грижат да ги контролираат своите нагони и да не го гледаат спротивниот пол само како сексуален објект. Тие се стремат кон оригиналност, елеганција, хуманост, се восхитуваат на мајчинските чувства. Тие не се опиваат, туку пијат алкохол само во посебни прилики, бидејќи сметаат дека не се свињи. Тие се придржуваат до принципот ‘mens sana in corpore sano’ – здрав ум во здраво тело.