(Процедурално обраќање на пратеникот од Левица – Димитар Апасиев на денешната собраниска седница)
https://www.youtube.com/watch?v=CgN_bpNXGdo
„Милион пати досега сме кажале дека редоследот за пратенички прашања е неправичен и заради тоа, против Џафери и Собранието ќе поднесеме Претставка до Антидискриминаторска Комисија. Ова е класична политичка дискриминација!
Ефективното право за поставување усни пратенички прашања од страна на пратениците на Левица во пола од мандатот е скратен – поради тоа што секогаш нѐ ставате осми или деветти.
Џафери вика „ДПМНЕ има 22 пати повеќе пратеници од вас?!” Па, и Калифорнија има 66 пати повеќе население од Алјаска, ама и двете држави имаат по двајца сенатори. Тоа е паритетна основа и Деловникот тоа Ви го кажува. И другата финта која ни ја правите, само четирите најголеми партии до 13 часот да постават прашање и да ве има во вести, тоа ли ви е вас?!
Нашето право на пратеничко прашање стигнува во 22 часот, а седницата завршува во 18 часот. И како е тоа правично?!”