АПЕЛ ЗА ЕДИНСТВО ПОМЕЃУ ЕПИСКОПИТЕ, СВЕШТЕНИЦИТЕ, МОНАСИТЕ, МОНАХИЊИТЕ И ВЕРНИЦИТЕ ВО ОДБРАНА НА ИМЕТО, СТАТУСОТ И ДОСТОИНСТВОТО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА/ПАТРИЈАРШИЈА И ЈУСТИНИЈАНА ПРВА!

fb img 1710038245909

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

АПЕЛ ЗА ЕДИНСТВО ПОМЕЃУ ЕПИСКОПИТЕ, СВЕШТЕНИЦИТЕ, МОНАСИТЕ, МОНАХИЊИТЕ И ВЕРНИЦИТЕ ВО ОДБРАНА НА ИМЕТО, СТАТУСОТ И ДОСТОИНСТВОТО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА/ПАТРИЈАРШИЈА И ЈУСТИНИЈАНА ПРВА!

Ниту една црква не добива два или повеќе томоси, туку само еден и единствен, ниту било кој има ексклузивно право на друг да му даде автокефалност! На Грко-Православната Патријаршија на Истанбул и’ се дава единствено предимство по чест, но никако по власт и тука сè завршува, никој и никогаш не и’ дал право на конечно одлучување за автокефалноста на секоја црква во светот! Ваквата “пракса и традиција“ на фанариотите во Истанбул за нов Папа (Грк) во Источната православна екумена нема никаква врска со Христовото Евангелие!

9 март 2024 година, Велес, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) целосно го поддржува Посланието на Неговото Високопреосвештенство господин Агатангел, Митрополит Повардарски, објавено во рубриката коментари на весникот “Нова Македонија” од 9 март 2024 година, бидејќи претставува поука по историја и вистина за забеганите и лекција за единство на епископатот со верниот народ во Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)!

СМК најостро ги осудува фанариотските и врховистичките дувла во Македонија кои повеќе колаборираат со Грко-Православната Патријаршија на Истанбул, отколку што ги прифаќаат послушанијата на мајката – МПЦ-ОА, која е апостолска црква бидејќи го носи преемството од Светиот Апостол Павле, и е канонска наследничка на древната и славна Јустинијана Прва, членка на Вселенскиот собор!

СМК ги отфрла сите клевети за “руско влијание” во МПЦ-ОА, оркестрирани од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и службите кои го сервисираат, до клириците и медиумите кои дезинформираат, поради црковно-дипломатските односи на МПЦ-ОА и со Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ-МП), имајќи предвид дека христијанството меѓу народите на Западот и покрстувањето и описменувањето на народите на Истокот доаѓа од Македонија! Пресудно е македонското влијание во Руската Федерација, отколку руското во Македонија, како што повеќе руски инвестиции и клирици има во Грција отколку во Македонија, иако трабантите на западните разузнувачки служби во Македонија повеќе зборуваат за “руско влијание” во Македонија кое го нема, отколку во Грција како членка на НАТО и Европската Унија!

СМК и натаму смета дека македонското црковно прашање е целосно затворено со Томосот за автокефалност на МПЦ-ОА од Српската православна црква – Печка патријаршија (СПЦ-ПП) од 5 јуни 2022 година, во кое покрај сите небулози кои немаат стварно-правна важност бидејќи не може да давате некому нешто што не е ваша сопственост а се води за сопственост на друг во Катастарот на недвижности на странска држава, СПЦ-ПП за првпат во својата историја: (1) ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА како сестринска црква, (2) декларира дека МПЦ “е наследничка на древната и славна Охридска архиепископија“, (3) ги прифати името МПЦ-ОА и титулата на нејзиниот поглавар – Архиепископ Охридски и Македонски, и (4) прифати неограничена јурисдикција на МПЦ-ОА врз македонските православни епархии и црковни општини надвор од границите на државата Македонија во светот! Грко-православната патријаршија на Истанбул е антипод на ова!

СМК за несериозни и за клевета ги смета сите обиди од софиски врховисти и грчки фанариоти кои очекуваат Томос од Грко-православната патријаршија на Истанбул со исполнување на наци-фашистичките и расистички барања: (1) Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА да го смени името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (Αρχιεπισκοπή Αχριδών) во “Архиепископија на Охрид со јурисдикција во северна Македонија“ (Αρχιεπισκοπή Αχρίδος) заради елиминација на канонското наследство на МПЦ-ОА врз Охридската архиепископија/патријаршија и Јустинијана Прима формирана уште во 535-та година, (2) да се забрани употребата на придавката и било која изведенка од именката Македонија, затоа што Атина поседувала три реигиони со името Македонија во Егејскиот дел од Македонија окупирани во Балканските војни 1912-1913 година, (3) да се смени титулата на “Архиепископ Охридски и Македонски“ во “Архиепископ на Охрид“, (4) да се забрани јурисдикцијата на МПЦ-ОА врз македонските епархии и црковни општини надвор од границите на државата Македонија во светот, (5) Бигорскиот манастир како ставопигијален манастир да припадне под директна јурисдикција на Грко-православната патријаршија на Истанбул со можност епископот Партениј да биде именуван за егзарх на Истанбулскиот патријарх во “северна Македонија“ заради суптилна елиминација на Неговото блаженство г.г. Стефан од престолот на МПЦ-ОА, и (6) МПЦ-ОА да влезе во сослужение со расколничката “Православна црква на Украина“ возглавена од Митрополитот Епифаниј формирана од Грко-православната патријаршија на 5 јуни 2019 година, а од која излезе “Украинската православна црква – Киевска патријаршија“ возглавена од патријархот Филарет, ниту во која влезе “Украинската православна црква – Московска патријаршија“ возглавена од митрополитот Онуфриј, со единствена цел: РПЦ-МП да го раскине општењето со МПЦ-ОА поради корпоративните интереси на САД против Руската Федерација!

СМК повторно ги поздравува одлуките на РПЦ-МП од 25 август 2022 година и Полската православна црква од 25 октомври 2022 година, кои го прифатија името МПЦ-ОА и титулата на нејзиниот поглавар – Архиепископ Охридски и Македонски, како и на Романската православна црква од 9 февруари 2023 година која прифати сослужение со МПЦ-ОА според томосот на СПЦ-ПП, оспорувајќи ја јурисдикцијата на Грко-православната патријаршија на Истанбул како “единствено надлежна за доделување на автокефалност“! За жал, само грчките фанариоти и софиските врховисти во Македонија ги прифаќаат сите услови на Грко-православната патријаршија на Истанбул а Македонците ги сметаат за Бугари до 1945 година, што се популаризира во антимакедонскиот портал религија.мк.

СМК потсетува дека Грко-православната патријаршија на Истанбул не е Вселенска црква, ниту има статус на Ватикан, ниту Цариградскиот патријарх е Папа! Грко-православната патријаршија на Истанбул нема никакво право да определува име, статус и достоинство на било која црква, тоа е антиисториски, антихристијански и антицивилизациски! Грко-православната патријаршија на Истанбул лицемерно ги обвинува сите за етнофилетизам, а токму во “грчките“ цркви (Александриската, Ерусалимската, Антиохиската, Цариградската, Атинската и Кипарската окупирани од грчките фанариоти) етнофилетизмот е догма рамна на расизам и наци-фашизам, бидејќи освен “грк“ никој друг во овие цркви не може да биде епископ! Исто како што во Грција: Грк е секој христијанин, иако Грк значи вера а не етнос, поради што во Грција има се’ само Грци не’, односно иако во Грција нема етнички Грци но сите по Устав се Грци, но за грчки поп Грк е тој што е крстен а тој што не е крстен е Турчин, затоа што Турчин е синоним за муслиман од времето на Отоманската империја. И за добивање грчко државјанство, прво мора да те крстат во Грчка црква и да ти го сменат името со грчко име!

СМК повторува дека, ниту една црква не добива два или повеќе томоси, туку само еден и единствен, ниту било кој има ексклузивно право на друг да му даде автокефалност! На Грко-Православната Патријаршија на Истанбул и’ се дава единствено предимство по чест, но никако по власт и тука сè завршува, никој и никогаш не и’ дал право на конечно одлучување за автокефалноста на секоја црква во светот! Ваквата “пракса и традиција“ на фанариотите во Истанбул за нов Папа (Грк) во Источната православна екумена нема никаква врска со Христовото Евангелие!

СМК потсетува дека, со Томосот на СПЦ-ПП од 5 јуни 2022 година, воопшто не се елиминира историјата и вистината: (1) Првиот свештенички собир одржан на 21 октомври 1943 година во Издеглавје кај Дебарца декларира возобновување на Охридската Архиепископија како самостојна Македонска Православна Црква, (2) Првиот Црковно-народен Собор одржан на 4 март 1945 година во Скопје побара возобновување на Охридската Архиепископија во лицето на Македонска Православна Црква, (3) Вториот Црковно-народен Собор одржан на 4 октомври 1958 година во Охрид ја возобнови Охридската Архиепископија во лицето на Македонска Православна Црква, и (4) Третиот Архиепископски Црковно-народен Собор одржан на 17 јули 1967 година во Охрид прокламира автокефалност на Охридската Архиепископија како Македонската православна црква. Ако не беше оваа историја, не ќе беше ниту Македонската православна црква – Охридска архиепископија денес, на која и СПЦ-ПП во тој ист Томос и’ призна дека Македонската православна црква “е наследничка на древната и славна Охридска Архиепископија“!

СМК апелира на единство помеѓу епископите, свештениците, монасите, монахињите и верниците за одбрана на името – Македонска православна црква – Охридска архиепископија, статусот – автокефална и достоинството – Архиепископија со Божја промисла и Патријаршија! Предавниците и одродниците не се достојни за местото каде се и титулата која ја имаат!

СМК апелира македонските епископи, свештеници, монаси и монахињи повеќе да ја практикуваат верата, отколку да ја проблематизираат етнологијата на Македонскиот народ, според други и туѓи метрополи и интереси!

СМК истовремено го осудува секое грубо мешање на Претседателот, Владата, Собранието и службите во црковната дипломатија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија имајќи го предвид уставното начело на одвоеност на државата од Црквата! Институциите на власта имаат историска задача да овозможат Охрид повторно да стане светски сеправославен центар: Сите цркви кои влегле во сослужение, евхаристиска заедница и канонско единство со МПЦ-ОА признавајќи и’ го канонското наскедстјво на древната и славна Охридска архиепископија/Патријаршија и Јустинијана Прва, да добијат градежна парцела без надомест и ослободени од плаќање надомест за уредување на градежното земјиште, за изградба на своја црква и манастир во Охрид – Ерусалимот во Европа!

Патријархот Вартоломеј може да јава магаре на турскиот остров Имброс во Егејското Море, и тоа да ги соблазнува софиските врховисти и грчките фанариоти во Македонија, ама не смее да се заборави дека по каноните забеганите епископи избричени и на магаре качени во сургун верниот народ ги праќал во историјата!

Амин!

https://www.facebook.com/share/p/h9nvNmSZtNwiKrfk/?mibextid=oFDknk