НОВО

Бизнисмен ја прослави свадбата на својата ќерка со изградба на 90 куќи за бездомници


Ниту младенците не останаа со празни раце – добија нов дом и во исто време се согласија со идејата на Мунот да градат домови за оние без покрив над главата.

Индискиот тајкун Ајај Мунот ја прослави свадбата на својата ќерка на малку необичен начин.

Изградил дури 90 куќи за бездомници. Овој дарежлив човек, инаку трговец со облека и пченица, потрошил 11 милиони долари за свадбата на својата ќерка. Замислете само церемонија во која се вложени толку многу пари.
Но, младенците не останаа со празни раце – добија нов дом и во исто време се согласија со идејата на Мунот да изградат домови за оние кои немаат покрив над главата. Ова е навистина вест што не ја слушате секој ден и заслужува голема пофалба.