БОСИЛОВО ДОБИ ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ЦЕНТАР СО САЛА ЗА СКЛУЧУВАЊЕ БРАКОВИ


ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ЦЕНТАР СО САЛА ЗА СКЛУЧУВАЊЕ БРАКОВИ
Склучувањето брак е еден од најважните и најсветите чинови во животот на секој човек.
Почнувајки од денес, граѓаните на Босилово ќе имаат можност најсветиот чин во животот да го направат во една пријатна атмосфера, во специјално уредено катче, соодветно на важноста на чинот.
Просторот во поранешната пицерија “Парк” во Босилово, преуреден и прилагоден на барањата и потребите на граѓаните.
Прекрасна идеја која успеавме да ја реализираме со скромна инвестиција напиша Манчев.