НОВО

Вистинските луѓе се препознаваат по дела на љубов и светлина

full shot adult meditating

Отсекогаш сме научени да ја приспособиме „нашата вистина“ на онаа на другите. Тоа беше одреден непишан кодекс на однесување. Дури, уште повеќе, секогаш бевме љубезни со сите околу нас, но најчесто тоа завршуваше на наша штета. Животот го обликувавме во сите сегменти приспособувајќи се на „другите“, од храна, облека, музика, хоби, норми на однесување и она што луѓето околу нас го сакаа повеќе од нас. Главно тоа беа родители, пријатели, партнери и така малку по малку се изгубивме низ животот.

media 24 uslugi

Дури и до ден-денес, можеби дури и на поодмината возраст, многумина не знаат што навистина сакаат, која е нивната страст затоа што никогаш не ја запалиле. Ова е толку тажно затоа што повеќето го живеат животот речиси како никогаш да не го живееле. Тој Божествен дар, талентот што го прави секој од нас посебен, е складиран во нашето срце и чека да го откриеме. Секој треба да се охрабри да се запраша, што имам јас да му дадам на овој свет. Не дојдовме да земеме ништо од светот, туку да ги споделиме сите наши таленти со кои сме родени во средината каде што живееме.

Токму затоа што не живееме она што сме, имаме секакви „тешки“ искуства низ животот кои се обидуваат да не вратат на вистинскиот пат. Овие искуства нè тераат да застанеме и да излеземе од рутината која е сè освен живот.
За жал, луѓето се подготвени да изгубат сè и затоа се разболуваат, оставаат деца, родители и партнери, влегуваат во конфликти, прават сè друго, но никогаш не сфаќаат дека треба да се вратат на себе, да се спојат со душата и да живеат автентично.

baner portland horizontalen

Затоа тие живеат преку обичен опстанок без вистинска внатрешна радост, што всушност е единствениот вистински начин да се постигне изобилство од секаков вид. Всушност, нашиот живот или Божествената мудрост која дише низ нас секогаш не води и ни дава нови можности да се менуваме повторно и повторно.
Многумина се разбудиле и долго време биле свесни како функционира овој живот. Имаше доволно будни луѓе за да создадат моментум и нивните намери направија промена во колективната свест што сега се усогласува со целиот универзум.

Започна НОВА ЕРА НА ХУМАНОСТА! Ера на љубов, радост, мир и изобилство, ера на вистински луѓе. Затоа, секој од нас е повикан да стимулира лична промена во себе и да биде таа промена. Само така целото човештво ќе се врати на вистинскиот пат со правилно користење на слободната волја, бидејќи така се враќаме кон Изворот, кон таа Божествена Искра што тлее во нас.

dzovi kompani baner horizontalen 1

Можеби ова е предолг вовед, но со оваа порака на сите им посакувам се најдобро и најубаво, а тоа ќе дојде само ако се спремни да ги бараат своите одговори и насоки во длабочините на нивните срца. Сите ние сме величествени божествени суштества и време е да живееме како такви. Сè што не е Љубов и Светлина не е дел од нашата човечка природа. Затоа, да направиме корекции во сопственото однесување и наместо материјални подароци, на најблиските да им ја дадеме нашата љубов, прегратки и внимание.

Да им простиме на сите, а пред се на самите себе, за сите недоразбирања и ситуации кои не биле во согласност со нашата Божествена природа. Да свртиме нова страница од нашиот живот и од СЕГА живееме водени од Љубовта и Светлината. Сè може да се промени во еден момент.
Затоа, ајде да го направиме вистинскиот избор оваа празнична сезона. Го следиме нашето срце бидејќи нашето повисоко јас е единствениот гуру со кој треба да се поврземе. Да не бидеме веќе слепи и глуви. Да бидеме пример за сите во нашата заедница и да им покажеме на сите дека е родена Новата цивилизација на вистински луѓе. Да ја активираме нашата Божествена моќ, да живееме автентично. Јас сум тоа што сум. Ние веќе живееме во Новиот свет. Ние го направивме тоа!

На сите им посакувам СРЕЌНА И УСПЕШНА НОВА ГОДИНА!

Љиљана Посавец, ljiljanaposavec.com