НОВО

Владата дала согласност за спојување на концесиите Иловица-Штука


Владата дала согласност за спојување на концесиите Иловица-Штука и покрај тоа што знаеле дека граѓаните се против, доколку се раскине Дестани ќе наплати повеќе од милијарда евра државни пари, колку од нив ќе завршат кај Ковачевски и Ахмети?

Владата ќе плати повеќе од една  милијарда евра на Назиф Дестани и неговата фирма Еуромакс Ресурсис на арбитражен суд доколку владата сега ја раскине концесијата за рудникот Иловица-Штука.

Владата на СДС и ДУИ и покрај тоа што знаела дека граѓаните од струмичко се против изгрдба на рудник, ја споиле концесијата и дале зелено светло за ископ на бакар и злато.

Назиф Дестани купил удел во Еуромакс Ресурсис откако владата ги споила двете концесии Иловица-Штука.

Дестани близок човек до ДУИ и покрај тоа што немал никакво искуство со ископ на бакар и злато, решил да вложува во отворање на рудник во источниот регион.

Владата на СДС и ДУИ детално ја разработиле цела бизнис зделка и со одлука на влада му дозволиле на Дестани да преземе удели во Еуромакс Ресурсис.

Имено, со самата одлука на владата за спојување на концесиите, Ковачевски и Ахмети знаеле дека граѓаните се против рудник во струмичко, но исто знаеле дека доколку дадат согласност и истата ја раскинат, Дестани по судски пат ќе добие оштета од државата повеќе од една милијарда евра.

Дали Ковачевски се согласил за спојување на концесиите само за Дестани да наплати повеќе од милијарда евра од буџетот на државата?

Колку од тие пари ќе завршат во џебот на Ковачевски, а колку кај Ахмети?

Ковачевски лажеше дека нема да има рудник во локалитетот Иловица. Дури и министерот за економија Крешник Бектеши го демантира Ковачевски кога кажува дека одлуката е јасна и нема повлекување на истата.

Ковачевски и Ахмети се најголеми профитери.

Ковачевски и Ахмети се расфрлаат со парите на граѓаните и се однесуваат недомаќински со државниот буџет.

Владата на СДС и ДУИ работо на штета на граѓаните. Секој ден плус за оваа влада на СДС и ДУИ, губат граѓаните.

Излез од оваа ситуација и одговорност за целиот криминал ќе има по промена на власта.


извор на вест: Тука