Власта ја партизира и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

vlada

Власта ја партизира и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Деновиве, во јавноста излезе алармантна информација дека една од најважните државни институции за заштита на правата на граѓаните – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – ќе биде предизборно дополнително партизирана.

Имено, за нови членови на комисијата се предлагаат: Флора Кадриу – поранешна пратеничка од Демократската партија на Албанците, Душан Томшиќ – советник во Министерството за труд и социјална политика од СДС и Зекир Абдулов – советник во општина Делчево од партијата ПДПР (коалиционен партнер на СДС).

Ова претставува уште едно предизборно вработување на партиска војска и понатамошно картелизирање на сите државни институции од страна на владејачките криминогени партии. Дополнително, со ваквата партизација, се загрозува независноста на ова тело, кое е клучно за заштита на најранливите општествени групи.

И покрај очајно ниската доверба во институциите, криминогените СДС и ДУИ целосно ги узурпираа институциите со неспособен партиски кадар по клиентелистички заслуги, за што говорат и критиките во Извештајот на Европската комисија. Потребна е целосна департизација на јавната администрација, со цел креирање на функционален систем – што може да го реализира само неискомпромитирана нова политичка сила која пркоси на владејачкиот естаблишмент!