Денеска заедно со младите од УМС ВМРО ДПМНЕ Струмица бевме дел од Маршот на Беласица до местото на погибието на златната петорка – Петте струмички студенти.
На ова место на 13 август 1951 година безмилосно биле ликвидирани студентите Пецев, Белев, Костуранов, Јармов и Топчев.
Струмица повеќе од половина век раскажува дека биле земени од младинска забава и однесени на ова место. Со нив се зафатил жесток и нечовечен омразител оставајќи ги без живот, со огнострелни рани од блиску и убоди…
Струмица и пред 72 години ја изрази почитта таа ноќ кога масовно и покрај сите забрани се собра да им оддаде последен поздрав. И таа ноќ татковците на некои од нив беа во затворите гонети од политичкиот непријател.
Струмица мора да ги признае ваквите неубави спомени како симбол на едно невреме. На братоубиство по туѓа наредба, завист и нетрпеливост која не е изворно македонска.
Признавањето на ваквите грешки, нивно расчистување, рехабилитација се единствен пат кон вистинско помирување и национална стратегија.
Затоа ги поддржувам предлозите за промени на имиња на улици и промени на одредени сфаќања.
ВМРО- ДПМНЕ на патот кон македонското обединување и единство секогаш ќе го има за светол патоказ непокорот на Петте Струмички студенти.
Вечерва, УМС на ВМРО ДПМНЕ Струмица во рамките на своите активности и за спомен на златната петорка ќе подели флаер со содржина како оние кои ги растурале струмичките слободолубиви младинци:
Сонце пак ќе ја огрее Македонија!