ВМРО-ДПМНЕ: Со скандалот со Онкологија најбрутално се погазени човековите права

cover image 4

Злоупотребата на цитостатици и терапија на клиниката за Онкологија е криминал со смртни последици. Злоупотребата е злосторничко здружување за кражба на лекови од пациенти со канцер за продажба на црно.
Ваквите активности се речиси невозможни без политичка поддршка. Сето ова се случува во ситуација кога Клиниката за онкологија од 2017 година има КАТО систем за контрола на терапиите кој не се користи.
Истиот тој систем е исклучен со доаѓањето на СДС и ДУИ на власт и поставувањето на Арбен Таравари за министер за здравство. И наместо одговор од Таравари, молк што се случило со системот. Актуелниот министер Фатмир Меџити со објаснување од типот „системот не е во подрум, туку заклучен во соба“!
И покрај фактот што одамна, или уште пред две години се предупредуваше за вакви случувања на Онколигија, злосторничко здружување се уште опстојува и владее со Клиниката за онкологија.
Предупреувања од многу страни, поплаки од паценти, документ со низа неправилности за работата на Онкологија од Државната ревизија и никаков резултатот.
Системот на крадење на терапијата за болните од рак функционира. Тоа говори за политичка заштита на актерите во овој криминаклен систем.
Оставките се прв чекор кој што би гарантирал истрага и соодветна постапка без да се влијае врз неа од позиција на моќ и власт!
Владата на СДС и ДУИ дозволила да умираат луѓе, затоа избори.

Паѓаат, СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а фолирантите Левица не беа против

СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а спотерот, фолирантите од Левица не гласаа против измените на Кривичниот законик.

СДС и ДУИ гласаа за амнестија на својот криминал изминативе 6 години и знаат дека со сигурност паѓаат.

СДС и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат судовите повеќе под нивна контрола и ќе треба да одговараат за криминалот кој го прават, па затоа ги намалуваат казните.

Левица е лицемерна како и секогаш, наместо да се бори против и да гласа против амнестијата на криминалците од СДС и ДУИ тие им помагаат.

Левица е параван за политиките на СДС и ДУИ. Левица е за амнестија на криминалците од власта.

Ковачевски е премиерот кој ќе остане како лидер на најнеспособната власт, а Димитар Апасиев како човек кој преку шарената револуција и криминалното СЈО помогнал да се востоличи таа најнеспособна власт на СДС и ДУИ.

Треба да знаат ДУИ и СДС дека ме ги спасува амнестијата, и правда ќе има.

Мицкоски: Монструозно и мафијашко однесување на власта во случајот онкологија, правда ќе има по смена на власта и за случаите „Беса Транс“ и модуларната болница

Во „Вести плус“ на Канал 5 ТВ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека монструозно и мафијашко е однесувањето на власта во случајот онкологија, а правда ќе има по смена на власта и за случаите „Беса Транс“  и модуларната болница.

„Што и да се случува знам дека за неколку месеци од денеска владата на ВМРО-ДПМНЕ има намера многу посериозно да се занимава не само со ова што се случува монструозно, мафијашко однесување во онкологија туку да се занимава и со овие предмети и со „Беса Транс“ и со Ласкарци и со модуларната болница и со се она кое што изминативе шест години се забошоти, се заборави или некако остана на маргините. Правда мора да има луѓето денес си одат од Македонија затоа што нема надеж а нема надеж затоа што се чувствуваат обесправени. Мора конечно во Македонија законите да важат за сите, тоа е суштинско потребно за сите нас ако сакаме да не биде. Ако сакаме да импровизираме или да си играме држава тогаш ќе продолжиме по оваа патека по која што денеска оди владата, но јас не би одел по таа патека. Затоа што нас ни требаат историски потези историски чекори ВМРО-ДПМНЕ има капацитет, и јас ве уверувам дека тоа ќе го направиме“,  нагласи Мицкоски.


ВМРО-ДПМНЕ