Во графите на сите изводи мора да стои македонска национална припадност!

fb img 1703660923766

Во државата се нема основно познавање за многу работи.

Загрижувачко е колку надлежни институции, високи функционери, судии, правници не знаат основни правно-политички поими и со тоа свое незнаење свесно или несвесно го девалвираат системот, ги бунат граѓаните, прават смут во државата!

dzovi kompani baner horizontalen 1

Жално е колку незнаењето има метастазирано во сите пори.

Уставниот суд наместо да делува едукативно и да ги подучи граѓаните дека е погрешно да се толкува НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ како ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ, да им објасни и на политичарите дека националната припадност е припадност на нацијата што е еквивалент на државата, тој одлучи да влезе во материјална расправа и да поништи графа на национална припадност како неуставна?!

banerПРИМА ДЕНТi horizontalen

Наместо да ги исправи политичарите и институциите што погрешно ја толкуваат националната припадност, тие земале ја бришат?!?

baner portland horizontalen

Во Република Македонија сите мора да имаме МАКЕДОНСКА национална припадност!

Во графите на сите изводи мора да стои македонска национална припадност!

Тоа не смее да се брише!

Етничката припадност се запишува во посебна графа и таа припадност е нешто сосема друго!

Просто е!

media 24 uslugi

Не е квантна физика ама некому како да му одговара оваа циркузијада!

Напиша Каракамишева на ФБ.