НОВО

ВО ОПШТИНА БОСИЛОВО СЕ ОДРЖА СИМУЛАЦИОНА ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ


Во рамките на проектот за „Ефективна превенција и ублажување на последиците од поплави“ на река “Струмица”, во делот на Босилово, се одржа симулациона тактичко показна вежба со која се покажаа и увежбуваа активностите кои треба да се реализираат во случај на поплава.
Со успешно спроведената вежба се изврши проверка на плановите за заштита и спасување на Општина Босилово и се провери соработката на институциите во системот.
И покрај успешно спроведената вежба, останува заклучокот дека е неопходно веднаш да се преземат активности за чистење на коритото на река ” Струмица” како главено корито кое ги апсорбира водите од територијата на нашата општина и пошироката струмичка котлина.
На оваа вежба беа присутни и гости од Бугарија, поточно од регион Гармен, како дел од соработката помеѓу двете Општини.