Почитувани сограѓани кои сте на привремена или постојана работа во странство,
Ве покануваме на заеднички настан кој е во организација на Македонскиот Национален Совет од Швајцарија, а е поддржан од Општина Ново Село и Општина Босилово.
На настанот ќе настапат КУД Јане Сандански од Ново Село, КУД Св. Наум Охридски од Швајцарија и КУД Кирил и Методи од Иловица.
На настанот ќе бидат присутни многу официјални гости и иселеници од целиот свет. Голема благодарност упатуваме до Македонскиот Национален Совет, кој со идеја за сплотување на Македонецот низ светот ја организира оваа културна манифестација.
На оваа “ИСЕЛЕНИЧКА ВЕЧЕР“ добредојдени се сите заинтересирани кои сакаат да видат и да почувствуваат како Македонците во дијаспората ја негуваат нашата традиција, култура, јазик, песна и оро.
Медиумски покровител на настанот ќе биде ТВ Алфа
Медиумски покровител на настанот ќе биде Алфа Телевизија.