ГЕМИЏИИТЕ СЕ ИНСПИРИРАЛЕ ОД МАКЕДОНСКОТО НЕГУШКО ВОСТАНИЕ
На 3ти март 1822 година, неколку илјади Македонци го креваат Негушкото востание за ослободување на Македонија од јаремот на Отоманската империја.
Востанието избувнало во западниот дел на Солунското Поле во градот Негуш и во околните воденски села, а почнало да се шири на исток и ги зафатило селата до утоката на реката Бистрица.
Според податоците на англискиот конзул, постоела голема можност востаниците – речиси сите Македонци – да го нападнат и Солун.
Востаниците создале слободна територија која, за жал, траела кратко. Султанот испратил 15-илјадна војска и ја опколил слободната територија за да спречи востанието да се прошири и така да го задуши.
Свесни дека ако бидат фатени живи ќе бидат наденати на колец, преживеаните востаници со своите жени и деца се самоубиле скокајќи од планината Каракамен во клисурата на реката Арапица кај Негуш.
Оваа саможртва на Македонскиот народ била инспирација за гемиџиите, кои делувале од 1899 до 1903 година преку таен кружок – формиран под влијание на Македонскиот таен револуционерен комитет – со цел ослободување на Македонија.
Гемиџиите се овековечиле со нивната акција во Солун во април 1903 година попозната како Солунските атентати. Сметале дека ако неколку илјади Македонци со сопствените жени и деца се саможртвувале за слободата на Македонија, зошто истото да не го сторат и тие за татковината.
Денес Грците го слават Македонското Негушко востание како грчко – дури имаат изградено спомен парк до Негуш – бидејќи за првпат во историјата Атина окупира дел од Македонија во 1912 година после Балканските војни.
Тогаш, Атина и Белград се договорија: Од Гевгелија нагоре сите Македонци да бидат Срби, од Евзони надолу – Грци и со тоа да го закопаат македонското прашање.
Од благодарност, Грција на Србија и’ подари слободна зона на солунското пристаниште во 1924 година за наредните 50 години заклучно со 1974 година. Суштински, таа политика продолжи и во времето на поранешна СФР Југославија се до дисолуцијата на дравата во 1992 година но продолжува од 1992 година до денес.
Македонските раководства во поранешна Југославија го “заборавија” Негушкото востание. За жал, науката тогаш скромно или воопшто не го спомнуваше ова востание на Македонскиот народ. За сегашната насилно инсталирана власт е асурдно да се зборува.
Со оваа објава го менуваме тој став и однос. Вечна им слава на Македонците, на комитите и ајдутите, на нивните сопруги и деца, кои преку Негушкото востание се жртвуваа за слободата на Македонија! Вечна им слава и на Македонските гемиџии кои својата инспирација ја најдоа во подвигот на Негушката саможртва.
Macedonia : a True Endless Story…