Зад секој среќен човек стои неговата одлука да биде среќен!
Да се биде среќен и покрај сите притисоци и разочарувања, среќен и покрај падовите и поразите. Тоа може да го направи само ако верува дека животот може да биде добар без разлика колку лоши искуства има во него, затоа што сите тие имаат причини зошто им пречеле.
Зад секој среќен човек стои неговата одлука да ја напише сопствената животна приказна без да дозволи другите да му кажат што да прави и во што да верува.
Зад секој среќен човек стои неговата одлука да усреќи друг, знаејќи дека ќе ја најде сопствената среќа во среќата на другиот.
Зад него стои и одлуката да не се занимава со туѓите животи, да си го забива носот кој што направил, зошто го направил тоа, туку едноставно да ужива во својот.
Зад секој среќен човек стои неговата одлука да верува дека доброто доаѓа дури и кога има многу проблеми околу него и дека тогаш само треба да биде доволно трпелив и да не се откажува.
Зад секој среќен човек стои неговата одлука за тоа како ќе му биде секој нов ден, бидејќи денот не зависи од околностите и луѓето кои ќе ни се најдат на патот, туку само од нас и што планираме да направиме тој ден.
Зад секој среќен човек стои неговата одлука никогаш да не престане да игра, сфаќајќи го животот како игра, а не како борба, сфаќајќи го животот како можност да се сакаме и да не се споредуваме едни со други.
Зад секој среќен човек стои неговата одлука да престане да им објаснува на другите кој е во право, а кој не, и зошто го прави тоа што го прави, туку едноставно да им дозволи на другите да ги прифатат работите такви какви што се.
На крајот, зад секој среќен човек стои неговата одлука да направи нешто што другите рекоа дека е невозможно, токму за да им докаже дека нема граници во неговата глава и во неговите верувања.
Само така може да го живее својот живот среќно и исполнето .