Да се придружиме на апелот и да и помогнеме на Благица од радовишкото село Подареш!


Почитувани граѓани на Македонија, ова мало прекрасно девојче со мене на сликата, девојче полно со љубов, девојче полно со желба за живот е малата Благица од радовишкото село Подареш❗️
Благица, сега 8 годишна, од нејзината 6-та година има здравствени проблеми, т.е. таа боледува од “Epilepsio, st.post opp.Teterecord, cystytis chr., zadebelen sid na mocen meur, hemoroidi, …” ‼️‼️‼️
После една година по разни клиники,на 22 јуни минатата година е оперирана на р’бетот❗️
Од појавувањето на проблемите на тогаш 6 годишната , а сега 8 годишната Благица, нејзините родители барајќи спас по приватните и државните болници притоа продавајќи најразновиден имот што го имале, девојчето го имаат прегледано и видено безмалку 50 лекари специјалисти и рака на срце, освен неколку кои се бројат на прстите на едната рака, другиве некако се однесувале игнорантски❗️
После голгота од веќе 2 години, годинава, или поточно последниве неколку месеци овие луѓе доживеале вистински голготи по разноразни здравствени установи и истите биле пречекани и испратени од одредени здравствени работници со реченици како:
➖”КОЈ ТИ Е КРИВ ШТО ТАКВА СИ ЈА РОДИЛА”,
➖ “КАЈ ОВА ДЕТЕ ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА”,
➖ “ЗА ОВА ДЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДОКТОР”,
➖ “САМО СТРАНСТВО ВИ Е ЛЕКОТ” и уште што ли не и притоа на еден куп резултати, рентген снимки, магнетни и какви ли уште не тестирања на најразлични клиники, луѓето сеуште немаат добиено конкретни напатствија што, како и каде⁉️
Од пред некој ден, јас лично сум со маката на девојчето и верувајте неопишливо е тоа што го гледам кај неа, ама уште повеќе неопишлива е ароганцијата и незаинтересираноста на државата преку здравството❗️
Од денеска натаму, јас лично, на секој можен начин ќе се обидам да дојдам до податок што треба да правиме, каде да го бараме лекот и секако колку би чинела таа евентуална операција и лекување и дали тоа ќе може да се среди во Македонија или надвор од неа‼️
Засега, јавно и барем засега без именување само ја известувам јавноста дека тоа ќе го направам и ќе се обидам да издејствувам итно да се преземат сите мерки кои се потребни, а се со цел девојчето да ги добие потребните лекувања и напатствија за да се нормализира нејзината состојба‼️
Јас лично ќе го носам девојчето по клиниките и лекарските врати и се колнам дека ако не се преземе се што е потребно јавно ќе ги обзнанам сите податоци кои ги имам за досегашното лекување и односот на сите здравствени работници во досегашната голгота на малата Благица, а секако и уште поважно ако таа ароганција и изживување продолжат‼️
Искрено, од се срце се надевам дека за брзо време ќе имаме се што ни е потребно за Благица да почне повторно нормално да си го живее своето детство како сите останати дечиња затоа што таа како и секое дете во Република Македонија тоа го заслужува‼️
Доколку се утврди дека е потребно лекување во странство, повеќе од убеден сум дека ќе ги собереме сите потребни финансии за лекување, а велам ќе ги собереме затоа што од досегашното искуство вели дека Македонија има свои синови и ќерки кои си го сакаат својот народ и во недостаток на грижа од страна на државата и институциите, народот си ја зема работата во свои раце‼️
Да сте ми живи и здрави браќа и сестри Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Египќани, Хрвати и сите останати кои живеете во Македонија, Ве поздравуваме јас и Благица и однапред Ви благодариме за Вашата хуманост, помош и разбирање, а секако и за сета поддршка која што ќе ни ја дадете во периодот кој ќе следи‼️