НОВО

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ СРЕДИ ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

pavletajanovkabinet

Демократскиот сојуз ги повикува сите државни институции навреме да го средат избирачкиот список, односно да го прочистат од „фиктивни гласачи“.

Во оваа насока посебно ја нагласуваме одговорноста на Државната изборна комисија, како и на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда.

Прочистувањето на избирачкиот список од можни фантомски гласачи, потоа од гласачи кои се иселиле од Македонија односно немаат постојано живеалиште во државата, како и од сите оние кои го изгубиле законскиот основ да бидат на избирачкиот список е законска обврска на ДИК.

baner portland horizontalen

Согласно објавените резултати од пописот во 2021 година вкупниот број на население во Македонија изнесува 1. 836.713, додека на избирачкиот список се запишани 1.824.864 гласачи (Список на гласачи за локалните избори -2021).

Нелогичностите се очигледни и ако се додадат и над 260 илјади државјани на Македонија кои живеат во странство.