Денес е денот кога таа спокојна, среќна и со радост се вознесе на небото и „го предаде својот дух во рацете на Спасителот“.


Денес е еден од најголемите христијански празници – Успение на Пресвета Богородица, денот кој ја одбележува земската смрт на Богородица, мајката на Исус Христос, Дева Марија, избраниот посредник на Бог во доаѓањето на неговиот син на земјата.
Три дена претходно, истиот оној Архангел Гаврил што претходно и ја соопштил благата вест дека ќе го донесе на светот Синот Божји, и соопштил дека за три дена доаѓа денот да се оствари нејзината молитва и да замине кај нејзиниот син во бесмртен живот.
Денес е денот кога таа спокојна, среќна и со радост се вознесе на небото и „го предаде својот дух во рацете на Спасителот“.
Ви посакувам барем дел од тоа спокојство, од таа радост и од таа среќа да биде во Вас секогаш во животот, од таа љубов и верба, од таа истрајност и добрина која секогаш го победува злото.
За многу години празникот Голема Богородица!