НОВО

Димитар Апасиев, по повод последните случувања во Собрание

apasiev a1

Пратеник по Устав и по Деловник има право да поднесе амандмани. Нема ограничување на број, нема ограничување на број, нема ограничување на структура и така натаму, пишува дека треба да има нормативен предлог текст и образложение, сето тоа ние го имавме. Оние амандмани кои ги прифатија од службите на Таљат, тие се рачно пишувани. И сега тие се уредни амандмани, нашите не биле уредни, па си одбрал тој 12 таму.

 

На овој султанат, ние повлековме црвена линија. Ова е акумулиран гнев кој ние го гаиме уште од почетокот. Тој терорист кој не одговараше за хашките случаи мора да знае дека веќе нема играчка со Левица и ова ќе се повторува ви гарантирам на секој еден фрлен амандман на Левица. Мора да сфати дека уставното право ние ќе го користиме максимално и тој не смее да задира во нешто што е уставно право на пратеник. Не Таљат, свети Таљат нека е. Ова е црвената линија и после ова ќе бидеме уште по радикални. Ова е само одговор на нивното дивјаштво. Оттука нема простор за морализација.

Ова е злоупотреба на службена положба и овластување затоа што се работи за повреда на туѓо право. Веќе не разговараме со него, нема што да си кажеме. Ова е начинот на кој ние со сељаците во Собранието ќе разговараме. Вчера се случи силување на парламентарната демократија. Вие кога имате право на филибастер, а некој ви ги фрла амандманите, што ви останува друго да правите. Нема никакви правни средства и тогаш, согласно принципите на природното право, се враќаме во пред државна состојба, тогаш важи законот на џунглата. Сакате сила, ќе добиете сила. Ние сме спремни на се. Ова со двајца, после следни избори ќе бидеме многу повеќе од двајца.

Кога си ставен во ќош, не ти останува ништо друго освен да го пародизираш процесот. Со ова им ставивме дамка на нешто што требаше да биде Жан Моне процесот, за нешто што сега ќе одат во Париз, ќе чукаат шампањ. Овие се силеџии, ДПМНЕ и СДС се нивни слуги.

Единствена македонска опозиција која го чува дигнитетот е Левица.

Во прилог линк од самото интервју за порталот „А1 Он”.

Сектор за медиуми и односи со јавност на Левица