Се додека не се врати долгот, не може да се продолжи понатаму. Оние кои не го вратиле тој дел од долгот, а го напуштиле телото, наскоро се враќаат „назад“ – додека долгот не се врати во целост. Ова е многу лоша вест за сите оние на кои не им е грижа што ќе се случи со Земјата по нивното заминување!
Постојат неколку видови на карма што секој човек треба да ги исполни. Врз основа на таа карма, ние сме родени во одредена земја, во одредено време.
Постои колективна карма, исто како што постои колективна свест. Луѓето кои живеат во исто време на Земјата имаат задача да реализираат дел од кармата што се споделува. Тоа е како еден вид долг кој треба да се исплати. Се додека не се врати долгот, не може да се продолжи понатаму.
Оние кои не го вратиле тој дел од долгот, а го напуштиле телото, наскоро се враќаат „назад“ – додека долгот не се врати во целост. Ова е многу лоша вест за сите оние на кои не им е грижа што ќе се случи со Земјата откако ќе заминат, бидејќи се враќаат речиси за неверојатно кратко време, многу често на истото место.
Еден од заедничките долгови кои сите ние во моментов ги делиме е долгот кон животните кои се загрозени поради човечка негрижа и алчност, како и уништување на природата.
Замислете луѓе кои престојуваат во луксузен хотел со максимален број ѕвезди (метафора за нашата прекрасна Земја). Најмалку што можат да направат гостите на хотелот е да не го уништат хотелот во кој престојувале.
Со изобилството на понудена храна, повеќето гости на хотелот избираат да јадат храна направена од насилно убиени жители на истиот хотел. Тоа секако има свои последици.
Живееме во многу нестабилно време. Се нервираме за секакви дневни, политички, социјални и други вести. Многу нè вознемирува и нечија глупост, непромисленост, себичност, ароганција и алчност. Власта е резултат на колективната свест на еден народ. Со менување на свеста ќе се смени и власта.
Свеста се менува ако внимавате што внесувате во себе. Јадеме секој ден – на неколку часа. Она што го јадеме станува дел од нас. Ако не ви се допаѓа светот во кој живеете, внимавајте што внесувате во себе, каква храна јадете, какви филмови гледате, со кого и со што разговарате, какви мисли имате во главата.
Само едно од горенаведените не е доволно, коректноста треба да постои на сите нивоа. Лутината нема да помогне, треба да ги промените вашите животни навики – за почеток, барем престанете да правите штета.
Не можеме да побегнеме од враќањето на долгот кон природата ниту како поединци, ниту како колектив…меѓу другото, затоа сега сме сите овде.
Извор: АТМА