НОВО

ДПМНЕ направи кворум за амнестија на криминалот, заедно со СДС и ДУИ

ДПМНЕ направи кворум

Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување!

На вчерашната собраниска седница, скандалозно и бесрамно, како од моделите на најмрачните режими, се изгласаа контроверзните измени во Кривичниот законик со кои политичката елита од големите партии се амнестираше од криминалот! Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левица, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција.

Блокот на партии од елитата ДПМНЕ-СДС-ДУИ, како и пред наметнатите уставни измени од т.н. Преспански договор, повторно го менува Кривичниот законик како политички договор кој највеќе и одговара на оваа широка коалиција – првично, за заштита на корумпираните партиски раководства, а потоа и за повторен обид за наметнување на уставните измени за бугаризација на Република Македонија.

Левица останува единствената автентична парламентарна партија која го брани народниот интерес во парламентот и ветува дека по следните парламентарни избори, повторно ќе ја заостри казнената политика и ќе го дуплира рокот за застарување на криминалите на вечната коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ.


Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица