Драган Ковачки:Погледнете какви кадри поставува Спасовски за началници и командири и заклучете дали истиот се бори против или го стимулира криминалот

fb img 1694252234060

Погледнете какви кадри поставува Спасовски за началници и командири и заклучете дали истиот се бори против или го стимулира криминалот. Заклучете си сами дали за ова гласавте и дали е ова министерство за внатрешни на една европска држава.

 

Имено, после објавата во јавноста за партизацијата во СВР Велес, т.е. за поставениот Началник на СВР Велес Александар Костов, кој со писмени наредби ја извршуваше високата функција и покрај тоа што за истиот имало пресуда за незаконско работење во службата, Министерот Спасовски продолжува со низата на незаконски решенија односно поставување на компромитирани кадри на високи полициски функции.

 

Од пред некој ден, на позицијата Началник на СВР Велес, несоодветно е поставено лицето Ристе Самараџиев од Градско.

 

Лицето претходно било началник на отсекот за превенција каде исто така незаконски било поставено, односно и тогаш како и сега немал доволен полициски стаж. Во МВР е вработено во 2018 година.

Значи со 5 години искуство – директ началник на СВР Велес.

 

Новопоставениот началник не крие дека е присутен на повеќе партиски митинзи и настани (за што исто така има објавено повеќе фотографии) а за ова внатрешната контрола во рамки на МВР и покрај поднесени повеќе претставки продолжува слепо да ги заштитува партиските кадри промовирани директно од страна на министерот Спасовски.

 

Помеѓу вработените во СВР Велес кружи информација дека и ова лице, исто како и претходниот Началник, дека тешко ќе добиел соодветен сертификат ДРЖАВНА ТАЈНА, со оглед дека веќе пред некое време не успеал да биде трансфериран во АНБ поради неможност за добивање на потребниот сертификат.

Во причините за истото не би навлегувал.

 

Тука не запира партизацијата и криминализацијата во рамки на овој сектор, па така претходниот началник А. Костов непосредно после јавната реакција, е тргнат од оваа висока функција и повторно поставен за командир на ПС Велес од која позиција претходно извршил кривично дело. (!!!)

Срамот и небулозите дополнително продолжуваат.

 

Функцијата помошник началник на СВР Велес ја извршува лицето Т.А. контроверзна фигура кој за време на криминалното владеење на СДС од обичен полицаец за кратко време бил промовиран за командир на ПО Чашка (!!), а потоа за командир на ПС Велес.

Според информациите, против истиот, заедно со други високи старешини внатрешната контрола во 2020 година до ОЈО ГООК поднела кривична пријава за сторени КД „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ како и КД „Несовесно работење“ извршени во 2019 година, а за кои сеуште нема разрешница.

 

Но, тоа повторно не го спречува Спасовски ова лице да го промовира за втор човек на секторот, особено што за истото институционално во повеќе наврати имало претставки за дискриминација при работењето кон други полициски службеници.

Ова лице ја извршува и функцијата офицер за безбедност (!).

 

Тука не запира списокот на компромитирани високи полициски кадри во СВР Велес, па затоа мора да се напомене и Началникот на одделение за полиција во рамки на овој сектор, станува збор за лицето Е.Т. кој е претпоставен и одговорен на целокупниот униформиран состав, а од страна на Спасовски и покрај тоа што од страна на внатрешната контрола против него и други високи полициски службеници била поднесена пријава за работењето, истите се оставени да ги извршуваат високите функции што директно фрла сомнеж врз нивното работење.

 

Ваквите примери се чини дека немаат крај. До пред извесно време на позицијата Началник за недозволена трговија со дрога и оружје незаконски е поставено лицето Л.К. активист во шарената револуција, кој со недоволен полициски стаж е поставен на оваа функција.

Се поставува прашањето која е целта на поставувањето на ова лице на оваа одговорна позиција?

 

Во овој сектор Спасовски директно од улица вработува партиски кадри кои на велешката јавност и биле познати со слаб интегритет и лица за кои имало кривични пријави за дрога по чл.215 и чл.216 од КЗ.

 

Јавноста мора да биде целосно запознаена со апатијата, криминализираноста и партизацијата во која е западнат овој сектор, па така мора да се напомене дека и покрај повеќето интерни конкурси кои тековно се спроведуваат, Спасовски потпишува решенија само на партиски докажани кадри.

 

На овој начин Спасовски директно го разградува системот за безбедност, односно влијае на:

 

1. Намалување на ефикасноста и професионализмот на министерството: Овие непрофесионални унапредувања можат да доведат до незадоволство на службениците да ги исполнуваат своите задачи и одговорности ефикасно.

 

2. Политизација на полициските и правните процеси: Ако се унапредуваат лица поради партиска припадност или се заштитуваат од кривични пријави, тоа може да доведе до некомпетентност и корупција во примената на законите и правосудството.

 

3. Незадоволство и доверба на јавноста: Гледајќи непрофесионални и корумпирани лица на важни позиции, граѓаните ја губат доверба во правосудствениот и полицискиот систем.

 

За да се подобри ефикасноста и политичката независност на министерството за внатрешни работи, е важно да се унапредуваат службеници на основа на нивниот професионализам и способности, а не поради политички и други причини.

Фејсбук статус на Драган Ковачки

 

#Промени