Еве зошто среќните луѓе јадат малку!

1103px osho hd 088

Несреќните луѓе јадат премногу, а среќните не јадат многу. Колку е човекот посреќен, толку помалку се врзува за храната, затоа што има подобра храна: љубов. Љубовта е храна на повисоко ниво. Ако храната е храна за телото, тогаш љубовта е храна за духот.

Љубовта и храната се тесно поврзани. Секогаш кога се чувствувате сакано, не јадете многу. Ако жената е сакана, таа останува витка, слаба и убава. Ако не е сакана, почнува да јаде премногу, се дебелее. Или обратно.

dzovi kompani baner horizontalen

Дали сте забележале дека кога некој сакан ќе ви дојде дома, кога ќе дојде пријател, вие сте толку среќни и толку полни со љубов, апетитот ви исчезнува. Не ви се јаде – како нешто посуптилно од храната да ве исполнило, нешто посуптилно да се населило во вас и празнината исчезнала. Исполнети сте, се чувствувате задоволни.

Несреќните луѓе јадат премногу, а среќните не јадат многу. Колку е човекот посреќен, толку помалку се врзува за храната, затоа што има подобра храна: љубов. Љубовта е храна на повисоко ниво. Ако храната е храна за телото, тогаш љубовта е храна за духот. И така е во вашиот живот.

Секогаш кога ќе почувствувате дека ви недостига љубов, почнувате да го полните телото со храна – таа станува замена. Кога луѓето се чувствуваат празно и ја немаат возбудата што ја носи љубовта, енергијата што ја ослободува љубовта, тие почнуваат да го полнат своето тело со храна. Тие се враќаат во нивната детска состојба; тие уназадуваат.

Децата на кои им се дава доволно љубов, никогаш не сакаат храна. Нивниот дух е задоволен: кога повисокото е достапно, кој ќе се грижи за пониското?

Запомнете дека сите религии зборуваа за постот со причина. Постот дава одлична можност за молитва . Не ти велам да станеш зависник од постот. Не ти велам да почнеш да се мачиш. Но, ако сте зависни од храна, тогаш постот е лек.

baner portland horizontalen

Ако сте јаделе премногу, тогаш треба да ја вратите рамнотежата. Ако јадете премногу, останувате премногу приврзани за физичкото… и не можете да летате до небото. Премногу сте оптоварени, малку пост ќе ви помогне.

За време на постот, луѓето забележале дека нивната молитва станува многу лесна, многу едноставна; таа веќе не е проблем. Затоа што кога не сте премногу оптоварени со храна и тело, духот е бестежински, може да лета: духот има крилја…

Ошо , повеќе на истата тема од Ошо ТУКА