Еве што се случува во машкото тело после земање Виагра по временски интервали како и колку делува

y6hx35qk64i6lfi6rykqsdlevy

Откако им стана достапна на сите во 1998 година, Виаграта им помага на милиони мажи да го спасат својот сексуален живот и да ги отстранат проблемите со ерекција.

Знаеме сите многу добро за што служи Виаграта, но веројатно не знаете колку точно трае нејзиниот ефект и како точно влијае врз вашето тело и половиот орган.

Последната студија на „Superdrug” за влијанието на Виаграта во животот на човекот покажала како пенисот реагира во наредните 24 часа од моментот на земањето на тој лек.

Првите12 минути

Вашето тело многу брзо ја апсорбира Виаграта и некои мажи кои имаат проблеми со ерекцијата, го добиваат она што го сакаат токму на самиот старт.

После 27 минути

Доколку не сте добиле ерекција во првите 12 минути, тогаш веројатно ќе ја добиете на истекувањето на половина час. Истражувањата покажале дека лекот реагира просечно после 27 минути, а докторите секако препорачуваат да почекате и до еден час.

После 57 минути

На истекувањето од првиот час доаѓате до максимална ерекција бидејќи лекот достигнува и доаѓа до најголемата концентрација во вашата крв. Затоа, лекарите препорачуваат да земете Виагра еден час пред сексот. Студиите велат дека ерекцијата кај некои мажи кулминира дури и во 33 минута.

Четири часа после земањето

Виаграта е сè уште во „половина живот“ после четири часа, што значи дека лекот и понатаму тече низ вашето тело со 50 отсто. Тоа веднаш значи дека и понатаму сте способни за секс.

Десет часа после земањето

Научниците тврдат дека Виаграта прави и после 10 часа од нејзиното конзумирање, доколку генерално имате проблем со ерекција, да бидете „тврди“.

После 12 часа од дејството

Многу мажи сè уште можат да доживеат ерекција, но тоа нема да трае долго. Просечното време на ерекција може да трае и до 16 минути.

Цел ден по земањето

Тогаш Виаграта речиси сосема се изгубила од вашата крв, па така е подобро да не се започнува со никаков сексуален перформанс.