ЕП ВО ОДБОЈКА: Македонија убедлива – совладана Црна Гора со 3:0


Вистински моменти за паметење во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонија славеше убедливо со 3-0 против Црна Гора во вториот натпревар на Европското првенство 2023 со што е веќе во голема мера е со место во осминафиналето на ЕП, за првпат во својата историја.

Сето тоа донесе силни емоции меѓу македонските репрезентативци кои не можеа да ја скротат радоста.