НОВО

Зошто е толку тешко да се прости?

pexels photo 167964 696x333

Вистинското простување мора да доаѓа од срце. Со простување ќе се ослободиме од отровот на омразата. Знаеме дека ако простиме, ќе ни биде простено. И затоа треба да се молиме да се ослободиме од овој товар на омраза.

За да постигнеме мирен ум и хармонија во нашите животи, најважно е да научиме да простуваме. Дури и здравствените истражувања покажаа дека гневот, омразата и одмаздољубивоста можат да го уништат секој аспект од нашиот живот.

Меѓутоа, понекогаш се случува некој да ни предизвика толку голема болка што дури и кога ќе му простиме, постојано ни се враќа сеќавањето на случката со него. Сакаме целосно да и простиме на таа личност, но некако сме беспомошни.

Како да се справите со оваа ситуација?

Вистинското простување мора да доаѓа од срце. Во меѓувреме, можете да простувате на површинско ниво, бидејќи е потребно малку време за вистинското простување да излезе од срце. Ако искуството беше трауматично за нас, може да потрае многу време.

Но, ние треба да имаме желба вистински да простиме, треба да ја имаме таа молитва. Бог ги разбира нашите намери и молитви дури и ако немаме сила или способност да го сториме тоа во моментов.

Во Бхагавад-гита, Шри Кришна вели дека кој сака да се засолни, тој ја штити таа личност со она што го има и го дава она што му недостасува. Немаме сила да си простиме, но знаеме дека е правилно да го правиме тоа.

Знаеме дека со простување ќе се ослободиме од отровот на омразата. Знаеме дека ако простиме, ќе ни биде простено. И затоа треба да се молиме да се ослободиме од овој товар на омраза.

Треба да се молиме на Бога за таа сила, да одиме кај некој свет човек и да му го отвориме срцето и да бараме од него да ни помогне, да се трудиме да си го очистиме срцето славејќи ги Божјите имиња и медитирајќи за Него.

Тогаш ќе дојде помош кај нас.