Многумина се борат со овој природен процес, особено во текот на летото или кога се под стрес. Меѓутоа, константно мокра гардероба можеби е сигнал дека во телото се случува нешто на кое би требало да му се посветите.
ЗОШТО СЕ ПОТИМЕ?
Само по себе засиленото потење во текот на врелите денови, при физички и емоционален напор, не кажува ништо – тоа може да биде индивидуална карактеристика на организмот. Но доколку потта се лее дури и кога не е многу жешко, во состојба на мирување, тогаш таа состојба се вика хиперхидроза. Се разликуваат локална и генерална хиперхидроза.
Во првиот случај претераното потење е локализирано на одредено место – на лицето, под мишките, во пределот на ципите, по дланките, стапалата. Во вториот случај обилно се поти целото тело.
Локалната хиперхидроза е индивидуална карактеристика на работата на вегетативно-нервниот система и често се наследува.
Секундарната или генерална хиперхидроза може да биде предизвикана од низа причини. Некои од нив се: дебелина, проблеми со штитната жлезда, Паркинсонова болест, хронична инфекција (туберкулоза), период на бременост или менопауза, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, онколошки заболувања (леукемија, лимфом), земање некои лекови и др.
Многумина се потат кога доживуваат силни емоции – страв, радост, возбудување, кога организмот се ослободува од вишокот хормони адреналин или норадреналин.
НАРОДНИ ПРЕПАРАТИ
Помагаат да се намали како локалното потење, така и потењето на целото тело:
* Се препорачува за миење на кожата да се користи сапун од брезов катран, кој ја исушува и ја намалува иритацијата на кожата.
* Местата на кои се потите можете да ги истриете со мешавина од вода и јаболков оцет (1: 1).
* Потењето одлично го намалува одвар од конски опаш – една лажица сува билка ставете на 300 мл вода. Со овој одвар тријте ги проблематичните делови два-три пати на ден. Во случај на потење на нозете практикувајте бањи.
* Претераното потење под мишка, потоа на дланките и нозете можете да го намалите со помош на одвар од бутрак. Две лажици од суровината ставете на половина литар зовриена вода, оставете да отстои 30 минути, исцедете и во тоа додајте една лажица сок од лимон.
* Исто дејство има одварот од крвавце (лат. Sanguisorba). Две лажици од билката варете десет минути во половина литар вода.