ИГОР ЗДРАВКОВСКИ: Прашајте ги како им е!


Се мачиш како грешен ѓаол цел живот, се молиш на Бога да те дарува со челад, наоѓаш 300 алтернативни начини и конечно стануваш родител на здраво право детенце…

После неколку години некојаси пијана џукела лета со 120км на час во центар на град и ти го убива единственото нешто за кое вреди да продолжиш да живееш, така ладнокрвно бега и се крие два дена…

Еден ден стигнува правда – осуден на 18 години затвор…
Е арно ама, ова е запоседната вукојебина т.н Северна кај шо сѐ шо не се купува со пари се купува со повеќе пари, држава кај шо ако немаш врски ќе те изеде мракот, држава во која терористи станаа Бог и батина, па се наоѓа јунак да ја преиначи пресудата од 18 на 8 години затвор!?

И сега таа пијана џукела за 8 години ќе испадне слободен и ќе шета кај ќе му прдне, ама родителите на девојчето прашајте ги што ќе прават…
Прашајте ги како им е!
Прашајте ги каде го наоѓаат мотивот за живот! Прашајте ги вие изроди во тоги дали тие сеуште се живи, или пак со згаснувањето на животот на нивното девојче згаснаа и нивните!

Изроди мизерни, не 3%… 1% нема народот доверба во судството заради вашите нечовечки одлуки! 1%!!!

Треба сите да знаете, на овој свет сме гости! На крајот еден е тој што суди. Суди за сите направени дела од земниот живот! Тогата тогаш нема да ви треба…

Поддршка за семејството на трагично загинатата 11годишна Магдалена…

Фејсбук статус на Игор Здравковски