Пет години малтретирање на граѓаните во Македонија со најнебитните теми од кој немат никаков бенефит…
Што му се случува на нашето општество?
Од кога падна и се собори „режим„ и дојдоа „прогресивните„ сили на сцена , буквално не занимаваат со нај небитните теми за секој еден граѓанин , кога ќе почнете од името до Бугарите во Устав .
Само овие две теми се нај активни низ меинстрим медиумите со единствена цел да се занимава јавноста и да и се наметне чувство и психоза небаре уште ова да се реши и толку е…ќе процветаме.
Суштинско во овие работи додека не троват со вакви нездрави теми чиј е Гоце Делчев ,чиј цар бил Цар Самоил, Александар Македонски не бил Македонец и уште незнам што оставаат една горчина кај секој граѓанин и чувство на револт и тапкање и тупење во место на цел еден ментален склоп на нацијата.
Позади ваквите небулози ,психози и филмови на јавноста преку алатката медиуми под контрола и теми секојдневно на максимум повтарање ,зад завесата уствари се случува невидена пљачка и разнебитување на секоја здрава клетка а под здрава клетка се мисли на младите луге и столбот на општеството а тоа е семејството.
Ајде за крадење видовме дека им нема равен но проблемот е уште поголем бидејки станува збор што се продуцира со ваквото константно повторување на секојдневието и немање воопшто перспектива за нормален живот а многу далеку од прогресивен или некаква прогресија која би колминирала во прогресивна мисла и дејствие од кој друг ако не од оние кој останаа да живеат во едно вакво општество ,нели за СИТЕ!
- Едно Општество за СИТЕ???
Кој се тоа сите е прашање и кој и какво е тоа едно за сите исто,ако знаеме и секојдневно гледаме дека СИТЕ не се баш еднакви ,некој се многу поеднакви во приликите ,можностите за напредок или за натпревар подеднаков за сите ,за да има мотив и инспирација кај оние што останаа да се надеваат дека може и овде да се успее.
- Ебаму името ебаму.
Германија имаше отворена понуда до Македонија и до сите граѓани да добијат одредени парични средства и на тој начин Македонија да се сложи да си го промени името ,а за ваквиот предлог ниту се дојде да се разговара ,понудите беа во милјарди евра поделени на Македонија и директно на трансакциските сметки на граѓаните во сооднос од кој моментално ќе имавме бенефит ако не друг барем економски ,а ние што добивме? Мала група си ги „зема„ парите огромни а на сиромашните граѓани им даде „АЛО БРЗИ КРЕДИТИ „со камата до 300% ,а кредитоспособност до 150% над нашите редовни примања пречекорување и сега што правиме ?
Крајно време е Народна Банка на Македонија да ги прочешла продавниците за пари и да се воведат правила на игра и за нив барем во делот на БРЗИ КРЕДИТИ….
Дојде време да бидеме финансиски робови и да живееме во финансиско робство од оние кој ни го шитнаа името и крадат на големо секојдневно и ни ги пласираат со брзи кредити така? А младите оти не можат овде да сработат доволно за да се повратат и сиромашните и средната класа или скратено СИТЕ останати, без политичката елита и сива еминенција ,заминуваат на печалба за да си ги вратат животите и да избегаат од финансиско ропство ….
Ама најважно е дали Бугарите сега ќе влегле во Уставот?
Секој еден Македонец е должен да размислува што му се случува и да си размисли кој е најдобриот начин да се организира за ова синило кое не ни се случува за прв пат ами континуирано ,да настапи ,да се собере на едно место и да крене глас и да каже ДОСТА Е!
Е како?
Фамилиите порано беа големи затоа што се држеа ,си помагаа и водеа семејни бизниси и сите беа вклучени да допринесуваат во општото добро секој поединечно и заедно како семејство во една повисока цел ,да им биде поубаво на сите во семејството. НО тоа се измени одкога се настапи со: Ете мене може да ми биде најубаво од сите а ваквото размислување и делување се испостави дека е краткорочно добро за поединецот а многу лошо за семејството ,бидејки од колективитет станавме индивидуи кои се сами и ранливи ,а како колективитет семејство сме повеќе и сме посилни ,но тоа никако не може да го разбере овој народ и затоа сме таму кај што сме.
На темава е веќе дегутантно и ступидно да се зборува ,потребное да се делува. Колку побрзо се освестиме толку побрзо ќе го надминеме ова сивило кое ќе биде се по никакво и по никакво , Ништо наеднаш нема да се случи ако секој од нас си го продолжи својот пат исто како вчера и денес и утре пак на ист начин.
Потребно е обединување но какво? Најпрвин Семејно ,Фамилјарно потоа само по себе и општествено .
Сите ја знаеме приказната за штурецот и мравката ,епа мравките не останаа гладни ами штурецот нели?
„Сакаме да сме во калта ? Убаво ни е ? Се навикнавме и си уживаме во калта да си шлапкаме„ ќе кажеше еден паметен човек.
Е разликата е што таквите си го товарија бродот и сега ни пуштаат слики од светот каде пијат кафе од 300 евра ,каде претстојуват во Хотел од 1500 евра на ден , а ние ќе продолжиме да се препелкаме во калта или ќе излеземе заедно од неа зависи само од нас и од никој друг ,а најмалку од Бугарите во Уставот ако ги внесеме.
Вакви нијанси од невидени размери во една сиромашна земја не може да биде од поштена и мачна работа блиску до мозокот е.
Изморени сме со констатација дека се ни е јасно , мрзеливи сме да направиме конкретен чекор различен и да смениме се!
Знаеме дека политика има ама пари нема и глад има,многу е лошо кога некој ќе почне да размислува со стомак а не со глава ,не се знае каде ќе не однесе тоа.