ИНTЕРПОЛ ВКЛУЧЕН ВО ПОТРАГАТА: Лажен профил од Косово рашири лажна вест за 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје

vanja

Потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје продолжува и денеска. На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница од страна на Интерпол.

Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери.

banerПРИМА ДЕНТi horizontalen

Податоците за исчезнатото лице на 28 ноември во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол, велат од МВР.

ТВ Телма објави дека вознемирувачки пораки и содржини се шират на социјалните мрежи за исчезнувањето на  Вања, по која се трага веќе трет ден.

– Во коментар под објавата на нејзината мајка, лажен профил од Косово кој злоупотребил фотографија на имам од Алабанија, напишал дека девојчето е кај него. На Фејсбук кружат и низа други дезинформации за нејзиното исчезнување, проследени со вознемирувачки и недолични коментари, објави ТВ Телма.

Се апелира до граѓаните да се држат до информациите на официјалните институции во државата кои трагаат по Вања, и да не споделуваат непроверени вести кои дополнително ги вознемируваат семејствотот и јавноста.

Сите досегашни вести за наводно пронаоѓање на девојчето, експресно ги демантираше и МВР.

Се додава дека истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот утрото во Скопје, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата.

Девојчето е високо 175 сантиметри, тешко 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Пред исчезнувањето била облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носела школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, објави МВР.