Историски сведоштва- Крсте Петков Мисирков, потпишан како К. Пелски во „Македонски и Болгарски национали идеали“


„Треба да му се отворат очите на словенскиот свет за тоа дека околу половината од спомениците на старословенскиот (старомакедонскиот) јазик на таканаречената бугарска редакција се напишани во Македонија и од Македонци и дека три четвртини од пишаните споменици на таканаречената српска редакција на старословенското (старомакедонското) писмо, пишувани во 14 век, се напишани во Македонија и исто така од Македонци.

Треба громогласно да се потврди пред словенскиот свет дека непријателот на Србите, македонскиот владетел Марко Крале е воспеан од Македонците како свој национален јунак, потоа стана национален јунак на Србите и на Бугарите. А да не ни зборуваме за тоа дека во текот на 19 век Македонците водеа борба со фанариотите за словенско писмо и литургија, тие во текот на дваесет години водеа упорна борба за ослободувањето на Македонија, и притоа оваа борба Македонците ја водеа и покрај нејзиното неодобрување од Егзархијата и од бугарската влада што секогаш си ги припишуваше себеси заслугите на Македонците, а за своите дипломатски неуспеси ги обвинуваше Македонците.“

Крсте Петков Мисирков, потпишан како К. Пелски во „Македонски и Болгарски национали идеали“, „Македонскиј голос“ (Македонски глас)”, II, 10, 13.8.1914, 10-14.


https://www.facebook.com/makedonikaknigi/posts/pfbid02tM8gCTwBNDwvQoU7E8K92CuBCu4BSLQPR64ZFyeTxA9TUUsYFzQiHhhrDJPSXcpHl