Какви емоции живееме – такви околности создаваме!

swirling light 1209350 960 720 696x398

Негативните емоции привлекуваат негативни околности. Емоциите што ги живееме, околностите што ги создаваме. Грубите емоции се храна на темните ентитети, тие го трасираат патот до темнината, несвесноста. Фините и суптилните, нè водат до повисоки нивоа на свеста, преку нив се поврзуваме со душата, нè водат до Бога.

Несвесното враќање во минатото и несвесното врзување за негативни искуства од минатото ја создава истата сегашност, а освен што го лишува сегашниот момент, привлекува негативни настани и околности.

Но, кога свесно го рекапитулираме минатото, се ослободуваме од приврзаноста, јасно ја гледаме причината и последицата, а потоа испуштаме се што е негативно, пред сè ги испуштаме негативните емоции кои не држат заробени.

Токму тие ја создаваат вибрацијата според нив, па негативните емоции привлекуваат негативни околности.

Какви емоции живееме, такви околности создаваме, бидејќи свесната емоција е свесна вибрација. Управувањето со емоциите значи слобода на создавање, значи постигнување на саканата вибрација.

Но, емоциите треба да се знаат, груби и суптилни, груби се храната на темните ентитети, тие го трасираат патот до темнината, тоа е несвесноста.

Фини, суптилни, нè водат до повисоки нивоа на свеста, преку нив се поврзуваме со душата, нè водат до Бога.

Внимателноста значи фокусирање на мислите и емоциите, присуство кое ги филтрира мислите кои предизвикуваат негативни емоции, надминувајќи го сето она што е негативно.

Нема свест без да се препознае нејзината спротивност, исто како што нема присуство без да се забележи нејзиното отсуство.