„Како да ја избегнам детската хистерија во продавница? Понекогаш ми се чини дека ‘тато, купи ми!’ му е омилена фраза на мојот син. Доколку одбијам да му го купам она што го бара, секојпат е хистеричен“, прашува Никола од Битола.
За малите деца во современите продавници има премногу искушенија, но решението не е да не ги водите со себе. Во одењето на купување постои важен воспитен момент: детето се учи да ги набавува потребните работи и производи и ја усвојува вештината за располагање со парите. Но што да се прави со хистеричните деца? Психолозите даваат вакви совети:
* Однапред составете список за купување, а во продавница на детето дајте му можност да ви помогне, барајќи ги потребните производи.
* Доверете му да ги реди намирниците во количката или да ја запишува (доколку умее) нивната цена во бележник.
* Во текот на купувањето објаснувајте му на детето зошто сте го избрале токму тој производ и што ќе правите со него.