КОВАЧКИ: Али Ахмети командува со Владата и државата, СДС со Ковачевски спроведува и на крај трпат штети граѓаните и Македонија

talat dzaferi kovacevski goran misovski ali ahmeti 696x457

Факт е дека таа партија Нова Алтернатива е во коалиција со СДС, истакна пратеникот и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во вчерашната емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

– Ако имате од една страна ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните од другата страна ги имате СДС, ДУИ и малите партии како што е сега оваа, Левица и новоформирани партии. Тие имаат една единствена цел да кинат од македонското гласачко тело на ВМРО-ДПМНЕ, за да го намалат потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ да освои што е можно поголем број на пратеници. Тие структури сите што се формирани од страна на СДС се поддржани од СДС имаат единствена цел да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, наштетувајќи му на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека помагаат на СДС, му помагаат директно на Али Ахмети. Тоа треба да го знаат граѓаните дека секој што гласа за СДС или за овие помали партии гласот го дава директно за Али Ахмети, рече Ковачки.

baner portland horizontalen

Тој продолжи и додаде дека Али Ахмети е тој што ја командува Владата и државата, значи тој командува, а СДС спроведува и на крај трпат граѓаните и државата.

-Ова е навистина последната шанса кога Македонија може да се ослободи од режимот на ДУИ кој ја има зафатено Македонија и да се даде последна шанса за просперитет на граѓаните кои мора да биде создаден преку воведување на ред и поредок во државава. Без владеење на правото и без ред и поредок во државава не може да имаме просперитет, рече Ковачки.

Тој истакна дека ДУИ и СДС нанеле голема штета на Македонија и нејзините граѓани за нивниот просперитет и развој.

-Многу брзо од денеска граѓаните ќе имаат можност да им кажат доста беше на овие структури, а ние како политичари и идна власт во Република Македонија да се зафатиме со решавање на проблемите и барање на одговорност која досега за жал не ја видовме од страна на властодржците, вели Ковачки.

Тој потенцираше дека секогаш кога ДУИ се обвинети за корупција и криминал велат тоа е поради албанофобија.

-Секогаш кога ќе ги обвиниме за корупција и криминал во кој се фатени ДУИ, во последно време и непотизам секогаш се повикуваат на албанофобија. Се обидуваат да се кријат позади големата албанска реторика, меѓутоа нивниот заштитен знак е корупцијата и криминалот, дециден е Ковачки.

Тој заклучи дека некоординираноста и несериозноста помеѓу премиерот и претседателот на државата е само уште еден доказ дека државата ја водат несериозни личности и личности кои не ја заслужуваат довербата на граѓаните.