НОВО

Кога ќе го разберете ОВА – животот ќе ви биде многу поедноставен!

family 2611748 1280 696x464

Ако сте здрави и слободни, а ако имате и здраво и слободно семејство кое ве сака, прво мора да научите да уживате во она што го имате бидејќи нема поголемо богатство од тоа. Ако не можете да уживате во вашето најголемо богатство, тогаш за жал е невозможно да бидете среќни и исполнети, бидејќи што и да стекнете на овој свет не може да го надмине она што веќе го имате.

Не е точно дека човекот сака да биде среќен, кога би било така би напуштил се што му ја краде радоста и слободата на живеење. Но, човекот не го сака тоа, не сака да се откаже од своите навики и од своите верувања.

Само погледнете што направивме од животот, што бараме за забава, задоволство и удобност. Погледнете искрено и ќе видите зошто е многу полесно да се биде тажен и болен отколку среќен и здрав.

media 24 uslugi

Нашите навики се тие што ни ја крадат радоста и слободата на живеење, ни треба толку многу за да ги задоволиме нашите сетила, да ја нахраниме нашата суета и да го зачуваме нашиот лажен идентитет. Нашите сетила се ненаситни, секогаш ни треба повеќе, подобро и поубаво, а тоа ни го одзема задоволството на животот и едноставноста на постоењето.

Како може да биде среќен оној кој постојано бара повеќе, кој постојано е незадоволен од тоа што го има. Среќата треба да се живее, не се купува со задоволства и материјални добра.

Водата е потребна за гасење на жедта, но водата не му е доволна на човекот, па во неа ставил шеќер, боја и некои отрови само за да добие вкусно искуство. Не му е грижа што овој вкус му штети на здравјето, а потоа се прашува од каде незадоволството во неговиот живот.

Како да е задоволен тој што не се грижи за своето здравје, едноставно не е можно!

Така е и со сите други сегменти од животот во кои, поради нашата несвесност, едноставно не знаеме да уживаме, ништо не може да не задоволи. Во оваа желба секогаш да имаме повеќе, не успеваме да го видиме богатството што веќе го имаме и на тој начин ја губиме можноста да уживаме во животот.

Здравиот човек има илјада желби, а болниот има само една, вели една стара мудрост која совршено ја покажува човечката глупост. Зарем здравјето не е големо богатство и зарем слободата не е повредна од секое задоволство?

Кажи ми за што би го дал своето здравје и слобода, има ли нешто повредно од тоа на овој свет. Секако дека не постои, бидејќи што би ви вредело нешто доколку немате здравје и слобода!?

Ако сте здрави и слободни, но несреќни, запрашајте се зошто, побарајте го тој одговор во себе. Не дозволувајте вашата суета да ви ја украде убавината на животот, бидејќи навистина, ако сте слободни и здрави, немате причина да бидете суетни. Суетата е игра на егото и отров за душата, затоа отфрлете ја што е можно поскоро.

Ако човек е болен или поробен, тогаш тешко е да се најде среќа и мир во себе, но силните луѓе и во тие моменти не го губат мирот, такви сведоштва има многу. Тоа само ни кажува дека сè доаѓа од внатре, од нас самите, а не од светот во кој избезумено ја бараме нашата среќа.

dzovi kompani baner horizontalen 1

Благодарноста е основата на среќата и мирот, но се чини дека човештвото одамна заборавило што значи да се биде благодарен. Наместо да бидеме благодарни што сме здрави, сакани и слободни, ние чувствуваме незадоволство затоа што немаме многу од сјајните работи што ги гледаме во светот околу нас. Но, јас ви велам, во споредба со здравјето и слободата, целото злато на овој свет е само ѓубре.

Сите ние кои ја имаме благодатта да живееме здраво и слободно, всушност сме веќе неописливо богати, но бараме нешто повеќе од тоа. Во оваа потрага ја губиме слободата и нашето здравје, слободата ја даваме за пари, со кои потоа купуваме работи кои најчесто го оштетуваат нашето здравје на сите нивоа.

Само кога ќе научиме да го смируваме нашиот ум и неговите желби, кога ќе станеме свесни за тоа колку среќни сме што имаме здравје и слобода, дури тогаш вистинското задоволство има простор да влезе во нашите животи, дотогаш животот е бесмислена трка без цел.

Ако сте здрави и слободни, а ако имате и здраво и слободно семејство кое ве сака, прво мора да научите да уживате во она што го имате бидејќи нема поголемо богатство од тоа.

Ако не можете да уживате во вашето најголемо богатство, тогаш за жал е невозможно да бидете среќни и исполнети, бидејќи што и да стекнете на овој свет не може да го надмине она што веќе го имате. Затоа, прекинете ги сите пребарувања и уживајте во она што веќе сте, се друго ќе дојде само по себе.

Намасте

Анѓелко Катиниќ / самоспознавање