НОВО

Комитската коњаница тргна на пат кон Мечкин Камен


Коњаниците и оваа година пет дена низ планините на западна Македонија, на пат за Крушево, ќе поминат околу  двеста километри.

Среда 26 јули 16 коњаници во 09.00 часот од с. Зубовце ќе го започнат традиционалниот марш на пат за Крушево.

Во четврток 27 јули во 10.00 часот од Бигорски Манастир, официјалното тргање, вкупно 45 коњаници од Гостиварско, Скопје, Македонски Брод, Крушево, Струмица, Битола идруги места, ќе го започнат годинешниов марш за Крушево.

Агенда на движење за среда 26 јули:

9,00ч. Посета на гробиштата во с. Зубовце.

11.00ч. Коњаницата пристигнува во с. Тумчевиште

13.00ч. Посета на гробиштата во Гостивар.

15.00ч. Благослов на коњаниците во црквата „Св. Богородица“ во Гостивар.

 

Агенда на движење за Четврток 27 јули:

 

10.00ч.  Во манастирската црква „Св. Јован Крстител“ во Бигорски Манастир, ќе се одржи Литургија и Благослов од монашкото братство за успешен пат кон револуционерното Крушево.

10.30ч. Заклетва

11.00ч. Коњаницата од Бигорски Манастир тргнувана на пат за с. Јанче.

12,00ч. Од с. Јанче, коњаницата тргнува кон с.Галичник.

13.30ч. Пристигнување во с.Галичник.

15.30ч. Од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница.

20.00ч. Пристигнување во бачило Салтаница.

 

Нека им е лесен патот низ македонските планини до Крушево- Мечкин Камен!

Амин!