Костадинов:Ве повикувам вечерва да бидеме во големиот градски парк и заедно да уживаме во песните на Живко Динев, Сузана Гавазова, Миле Кузмановски и другите гости на Боемската вечер.


Струмица во рамки на Струмица Опен Фест поддржува исклучиво Македонска естрада и Македонски естрадни уметници.

Денеска на мое огромно задоволство во мојот кабинет дојде Живко Динев и неговите колеги музичари, еден од организаторите на Боемската вечер која во 21 часот ќе се одржи кај чешмичката во големиот градски парк.

Тоа значи уште една афирмација на нашите локални изведувачи, поддршка на македонската песна која сите ние си ја сакаме и слушаме.

Ова е потврда дека општина Струмица и јас, заедно со советниците, остануваме доследни на нашиот став во рамките на Струмица опен фест да немаме странски изведувачи, тоа е особено важно затоа што така си ги почитуваме нашите музичари и сметам дека тоа ќе допре насекаде во државата, оти нема кој да си го почитува своето, ако не ние самите.

Ве повикувам вечерва да бидеме во големиот градски парк и заедно да уживаме во песните на Живко Динев, Сузана Гавазова, Миле Кузмановски и другите гости на Боемската вечер.