Костадин Костадинов изврши прием во својот кабинет за учениците од угостителско-туристичката струка од СОУУД „Димитар Влахов“ со професорката Ивана Петров Ѓоргиева

379521020 742814597857082 7678384895416173517 n

Денес градоначалникот Костадин Костадинов изврши прием во својот кабинет за учениците од угостителско-туристичката струка од СОУУД „Димитар Влахов“ со професорката Ивана Петров Ѓоргиева, во улога на нивен ментор, кои постигнаа извонреден успех на Меѓународниот натпревар во готвење „Black Sea Fish Festival”, одржан во Констанца, Мамаја, Република Романија.  

Учениците и менторката  ги споделија своите импресии од  натпреварот и задоволството од постигнатиот голем успех, во конкуренција на стотина учесници од повеќе земји од светот, а ја изразија и својата благодарност за финансиската поддршка што ја добија од градоначалникот и Општина Струмица за учеството на „Black Sea Fish Festival”.

Градоначалникот Костадинов им ги честита освоените златни медали на: Ива Сретеновиќ, Сара Цекова и Михаил Анастасов, сребрената на Камелија Ристова, наградата за најдобар тим, а на професорката Ивана Петров Ѓоргиева – наградата за менторка. Тој истакна дека е горд на нивниот голем успех , кој е успех за цела Струмица, и им посака уште многу такви успеси во иднина.

379385439 742814587857083 8616167474877317745 n

379521020 742814597857082 7678384895416173517 n

380420626 742814584523750 829328161100160964 n

380480605 742814544523754 1248667973058340868 n