НОВО

Костадин Костадинов присуствуваше на музичко-поетскиот настан во рамките на Денот на македонско – италијанското пријателство


Синоќа градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на музичко-поетскиот настан во рамките на Денот на македонско – италијанското пријателство, во организација на Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“ од Струмица, а во соработка со Амбасадата на Италија и Општина Струмица.

Во своето обраќање пред присутните, поздравувајќи ги амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри и вицеамбасадорот Марио Де Роза, градоначалникот меѓу другото истакна: „ Има една позната изрека која на италијански јазик гласи вака: „A questo mondo nulla accade per caso“, или преведено на македонски: „Ништо на овој свет не е случајно“.

Ако е тоа така, тогаш не е случаен ниту овој прекрасен настан, и не е случајно што истиот се случува токму во Струмица…не е случаен и фактот дека Општина Струмица има добра соработка со сите амбасади во Македонија, ама најдобрата соработка ја има со Амбасадата на Италија. Така било, така е, така нека остане и во иднина“. Овој настан, кој е дел од овогодинешниот „Струмица опен фестивал“ се случи во годината кога се одбележув јубилејот – 30 години дипломатски односи меѓу Италија и Македонија.