Временски гледано седницата за Уставни измени која беше одложена поради немање 80 пратеници за да се гласа за потреба за отварање на Уставот со цел да се вметнат Бугарите во преамбулата ,најдоцна може да се продолжи до 27-ми септември за да ги има законските рокови за да се изгласат во време кога СДСМ и ДУИ или оваа Влада има мандат .
Целата игранка што се случува во ВМРО-ДПМНЕ во моментов е да се изнајде начин како најбезболно да се завши таа работа а ВМРО-ДПМНЕ сегашново раководство да не изгуби или најминимално помине политички без никакви последици и турболенции.
Цврстиот став на Мицкоски и неговата изјава дека „и еден пратеник да гласа за Уставните измени јас ќе си заминам од политиката„ и како наближува времето до таа седница така ова негова изјава веќе не важи ,и секој еден нормален човек кој има најминимално познавање во делот на политиката ќе знае дека нешто се спрема само начинот каков ќе биде и кој најмногу ќе изгуби од тој став и ретерирање од истиот ,ќе биде интересно да се види финалето и како сето тоа ПИАР машинеријата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го изменаџира сето тоа.
Тоа што не ни го кажуват од ВМРО-ДПМНЕ ни го кажува СДСМ преку соопштенија дека најмалку 118 пратеници ќе гласат за измените на уставот. Од каде вакви пресови и соопштенија сеуште кога на гласање ВМРО-ДПМНЕ јасно рече дека нема да има Уставни измени под Бугарски диктат што и да значи тоа ,сеуште како главна тема се држи во меинстрим медиумите за измените на Уставот. Зошто е тогаш така ако знаеме дека ставот им е бетон и дека оставката на Мицкоски е директно споена со минимум еден пратеник ако гласа спротивно од одлуката на партијата.
Според наши информации ВМРО-ДПМНЕ ги одмерува штетите од повеќе сценарија кој се во игра а сите се кон остварување на целта да се гласи целосно ,делумно или минамално со број на пратеници за да дојде до Уставни измени. Кое сценарио и со каков ПИАР ќе се случува сеуште се прават анализи и проценки на штета од таквото ретерирање на партијата.
Ставот на Мицкоски дека Никола Груевски од Будимпешта ќе ја поделел партијата и дека ќе обезбедел пратеници за да гласат за измените ,.вчера беше демантиран јавно и гласно а и во повеќе наврати самиот Мицкоски изјави дека ова не е времето кога некој друг ги правел листите на пратеници и дека ова пратеничка група е под негова директна контрола и дека ја гарантира синхронизацијата помеѓу целата партиска пратеничка група дека ниту еден нема друг став од тоа што е неговиот т.е на партијата.
Членството очекува партијата ВМРО-ДПМНЕ да си опстои на својот милион пат речен став дека нема да гласа за Уставни измени а во спротивност Мицкоски си заминува од лидерската позиција ,и друга опција не постои , Доколку почнат да се правдат дека не ја контролират истата таа пратеничка група која потпишуваше нотарски изјави и се колнеше во се дека нема да дојде до гласање ,ВМРО-ДПМНЕ на изборите веднаш доживува дебакл и невидена казна без разлика на јакиот ПИАР и ботовската војска на лидерот ,која само вчера по преписките на Груевски и Мицкоски беше пуштена на најјако во одбрана на лидерот , и секој еден функционер на Мицкоски му даваше поддршка како папагали на секој еден профил што е повече од очигледно и смешно ,ако вака се прави ПИАР боже чувај ја Македонија од неспособност во огромни количини.
Ене го кај е 27 ми септември да видимешто ќе се случува . Опциите се тие или 80 пратеника и гласање за потреба на уставни измени или оставка на Мицкоски ,трета опција НЕМА.