Кристиан Јандриоски-Ве молам за внимание! Почнуваме со акцијата за собирање помош за семејства на Уставобранители.


Ве молам за внимание!❗

Како што имав навестено по повод новата школска година,, почнуваме со акцијата за собирање помош за семејства на Уставобранители. Собирањето помош ќе се состои во собирање храна, и облека за деца.

Од храна…❗
Потребни се сувомесно, зденка, маслинка, кашкавал, сирење, конзерви (туна, паштета, нарезак), тестенини,тетрапак млеко, тегла салати (цвекло, руска и слично), супи и слично. Храна која ќе има подолг рок на траење.

Овај пат собираме помош и во облека, за помали дечиња. Облека која нема да е носена, без разлика колку и да е чиста и зачувана., Сакам на тие дечиња да се потрудиме да им купиме облека која ќе е нова и ќе направи да се чуствуваат поубаво и топло од емоции за време на празниците. Никој не бара брендови и скапа облека, напротив, облека која ќе е нормална и со пристапна цена за секој. Тие деца заслужуваат да одвоиме по малку за да добијат тренерка, блузичка или што и да е, и да е соодветно подарено.

Потребна е облека за …
Женски дечиња две едно од 6, едно од 14 години.
Машки дечиња две по 6 години.

Вашето споделување на овај статус, е исто така од голема важност и помош❗

Браќа и сестри, кој колку може и што може, и сите заедно да придонесеме да разубавиме им го олесниме периодов на луѓе кои премногу дадоа за Македонија.

Благодарам на вашето внимание❗

Акцијата ќе трае до 6 септ.


Фејсбук статус на Кристиан Јандриоски