НОВО

Левица бара одговор за кривичната истрага против поранешната директорка на Клиниката за Онкологија поставена од ДПМНЕ

Кривична одговорност од порнешната директорка на Онкологија

Скандалозните информации кои излегоа во јавност за работењето на Клиниката на Онкологија целосно го разобличи бруталното владеење на хибридниот режим на СДС и ДПМНЕ. Со тоа што поранешниот директор Нино Васев свесно го исфрлил од употреба КАТО системот за контрола и цитостатиците почнале да се подготвуваат рачно, се отворила и можноста за крадење и манипулација со дозите.

Дополнително, самата ревизија на Клиниката потврди голем број малверзации во работењето, каде не биле воспоставени никакви критериуми за давање лек, при што одобрение за давање лек морало да потпише тогашниот директор Васев и единствен кој носел одлука кој ќе прими лек бил токму Васев.

Малверзациите на Клиниката за онкологија датираат од 2012 година, кога било поднесена кривична пријава против тогашната директорка, поставена од министерот за смрт, Никола Тодоров. Директорката тогаш се терети за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, каде при набавка на лекови предизвикала штета на Фондот во износ од 6.372.691 денари и на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во износ од 15.173.399 денари или вкупна штета во износ од 21.546.080 денари.

Додека власта тврди дека се расчистува со криминалот на оваа Клиника, нема никаков одговор од правосудните органи каде е заглавена 10 години кривичната пријава против оваа директорка. Од друга страна, станува јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ одбива да ги поддржи протестите, со оглед на инволвираноста на нивни поранешни функционери.

Со измените на Кривичниот законик, со кои беа амнестирани 80 поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, стана јасно дека неказнетото владеење на овие три политички партии ги руши темелите на правната држава, каде пациентите стануваат жртви на нивната корупција и алчност за богатење.


Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица