Левица дава поддршка на протестите за случајот со Онкологија

Поддршка за протестот за Онкологија

Поддршка за денешниот протест за случајот со Онкологија

Денеска, за пред Владата на Република Македонија со почеток од 18 часот повторно на социјалните медиуми е најавен протест за случувањата околу кримималот на клиниката за онкологија – социјалниот немир кој го создава Владата на СДС и ДУИ не стивнува!

Левица дава поддршка на протестите, сметајќи дека праведна разрешница е неопходна во конкретниот случај, но и можна единствено преку искажување на револтот на граѓаните и создавање на притисок на институциите кои изминатите години немаат слух за барањата на народот.

За криминалот на клиниката, кој има непосредно резултирано со згаснување на животите на нашите најблиски, потребно е сите инволвирани да се најдат пред обвинителна клупа и да ја сносат одговорноста за своите постапки.


Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Категорија: Македонија