НОВО

МАКЕДОНИЈА, земја од антиката

alexander i of macedon statue skopje macedonia bridge 732x1024

Античка Македонија или само Македонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, северно од Тесалија. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шуми и езера и со рудни богатства.

Античка Македонија била монархија со која владееле повеќе разни македонски кралски династии. За прв македонски крал се смета кралот Каран кој го основал Македонското Кралство во 808 год.пред Г.И.Х. (според некои извори 825 год пред ГИХ). Најголем процут и територијално проширување, Македонското Кралство, доживеало за време на владеењето на Александар III Македонски и неговиот претходник, татко му Филип II, кога Македонското Кралство се протегало на три континети од Македонија на запад, преку Персија сè до Индија на исток и Египет на југ. Царството доживеало пропаст по Македонско-римските војни (215 – 148 пред Христа) кога целосно било освоено од Римското Царство, а Македонија била поделена на 4 провинции под многу строг режим.

Древни Македонци или Стари Македонци, биле древен народ од индоевропско потекло населен на територијата на регионот Македонија, чие име е добиено по нив. Македонија била центар на Македонската Империја. Како Акаранците, Македонците и Етолците не биле Eлини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess. (Tit Livi, book XXX, p. 29).

dzovi kompani baner horizontalen

Античките историчари, кои живееле во времето кога суштествувале античките Македонци трврдат дека античкомакедонскиот народ потекнува од Пелазгите, најстариот домороден народ во Македонија и јужен Балкан. Гнеј Трог Помпеј, еден од најголемите експерти по старомакедонска историја, а и самиот тој живеел во времето кога старите Македонци биле поробени од Римјаните, вели “Македонците се од пелазгиски производ“ (Justin. VII, 1, 3). Најголемиот антички географ Страбон (63/64 г.пред Христа – 24 г.), пишува дека Тесалија (земја помеѓу античка Македонија и Елада) е населена со Пелазги и тоа во првиот век од нашата ера (Страбон, стр. 221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со Елини (Грци), туку со Пелазги- свои сонародници и пред 2000 години, после пропаста на Елада и Македонија. Херодот, античкоелински историчар пак пишува дека порано и цела Елада (Грција) била населена со Пелазги, но со доаѓањето на Елините во Атика (Пелопонез), Пелазгите били асимилирани во тој дел на Балканот, но сè уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57-58), кои гледаме ги населувале Тесалија и Македонија. Во Елада сепак останале нехеленизирани Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Елада, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античкоримскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Тит Ливиј, книга XXX, стр. 29).

Повеќе македонски и странски историчари и научници сметаат дека античките Македонци биле дел од етногенетскиот процес на создавањето на денешниот македонски народ кој денес носи дел од нивните обележја и навики. Овие тврдења кои се прифатени во одреден дел од денешните Македонци, историчарите ги поткрепуваат со низа антрополошки, генетски, историски, ентолошки и културни докази. Уште во 1871 година Димитар Македонски преку својот напис во весникот „Македонија“ го објаснил своето сфаќање за етногенезата на денешните Македонци со античките.[2][3]

baner portland horizontalen

Античкомакедонски мотиви во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на 1 март кој се слави во Пустец и селата во југозападна Македонија), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот македонски јазик, форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн.

banerПРИМА ДЕНТi horizontalen

Голем број Македонци во минатото (особено во времето на националната преродба кон крајот на XVIII и низ целиот XIX век) се сметале себеси за (директни) потомци на „старите Македонци“ на цар Александар, кого го сметале за Словен. Како потомци на „древните Македонци“ на славниот цар Александар, денешните Македонци се споменуваат во Историјата напишана од Ѓорѓија Пулевски, кој напишал и своевидна „Македонска Александрида“ (издадена  Скопје 2005) во која го опишал целиот живот на Александар Македонски во вид на интересни приказни на македонски народен мијачки говор. Античко-македонското потекло на современите Македонци е силно изразено и потенцирано и во говорот на македонскиот национален деец Исаија Мажовски на бродот „Рицар“ во Украина, барајќи помош за Македонија од рускиот цар. Во повеќе македонски народни приказни и песни од XVIII, XIX и XX век се среќаваат античкомакедонски мотиви или мотиви од животите на Филип и Александар Македонски, сметани за македонски цареви. Славата на античките Македонци одигралa и голема улога во националната преродба на македонскиот народ во текот на XIX и XX век. Тие биле сметани за „најстари Словени на Балканот“. Сметајќи се за нивни директни потомци, Македонците што живееле во тие времиња сакале да ја искажат својата национална посебност од Бугарите и Србите чии завојувачки пропаганди постојано ги инструирале Македонците.

Во планинскиот масив Хиндукуш во северниот дел на Пакистан, живее мала заедница позната под името Хунза или Бурушо за чии припадници се тврди дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. Бурушо воопшто немаат азијатски карактеристики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето. Јазикот на Хунзите (Бурушо) се нарекува „бурушаски“ и нема врска со никој друг познат јазик. Според проф. Д-р Илија Чашуле

бурушаскиот јазик има прасловенско потекло, со многу заеднички зборови и корен на зборовите со современиот македонски јазик.