Македонија на својот пат кон вечноста секогаш мора да ги споменува петте струмички студенти Пецев, Белев, Јармов, Костуранов и Топчев!


Македонија на својот пат кон вечноста секогаш мора да ги споменува петте струмички студенти Пецев, Белев, Јармов, Костуранов и Топчев!

ВМРО-ДПМНЕ и Унија на Млади Сили О.К. Струмица традиционално со свои активности го одбележува ликот и делот на струмичката петорка. Ги покануваме граѓаните да присуствуваат.

Петок 11 Август
– Филм за ликот и делото на Струмичкоте студенти, локација: Простории на О.К. Струмица, 20:00 часот

Сабота 12 Август
– Планинарски марш од Банско до Орманли и положување на цвеќе на местото на погибието на струмичките студенти на планината Беласица, почеток 10:00 часот од с. Банско
– Акција ,,Да живее духот на Гоце Делчев”, Струмица, 22:00 часот

Недела 13 Август
– 10:00 панихида на градските гробишта во Струмица
– 11:00 полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележје во мал парк.

Унијата на млади сили достојно го продолжуваат делото на храбрите струмичани и љубовта кон Македонија.


ВМРО-ДПМНЕ ОК СТРУМИЦА