Македонското градежништво во слободен пад

1829 gradnja radovi gas radnici f

Рекордно намалување на градежната активност

Лоши денови за големите градежни гиганти

Растот на цената на енергенсите и на материјалите имаат негативно влијание

baner portland horizontalen

Најголем негативен придонес кон македонскиот бруто домашен производ во првите три месеци од годинава бележи градежниот сектор, во услови на сè поголема неизвесност предизвикана од започнувањето на војната во Украина и натамошен висок раст на веќе зголемените цени на градежните материјали и останатите влезни компоненти, констатира Народната банка во најновиот квартален извештај. Констатацијата на централната банка ја потврдуваат и извештаите на големите градежни компании што котираат на Македонската берза во кои без исклучок се укажува на отежнатите услови за работење и намалената градежна активност.